Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Катастрофални поплави и четири загинати во Бугарија: Радев се заблагодари на понудената помош од Сиљановска Давкова

Катастрофални поплави, најмалку четири загинати. Бугарија се справува со една од најголемите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Катастрофални поплави, најмалку четири загинати. Бугарија се справува со една од најголемите катастрофи. Силните дождови ја блокираа сообраќајната инфраструктура и предизвикаа значителни материјални штети. Пожарникарите заедно со полицијата обезбедуваат помош за луѓето.

Во овие тешки мигови, поддршка и понуда за помош пристигна и од Македонија. Бугарскиот претседател Румен Радев упати благодарност до претседалката Гордана Сиљановска Давкова, која понудила помош во овие тешки моменти.

-Благодарност до претседателката Гордана Сиљановска Давкова за конструктивниот телефонски разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за декларираната подготвеност на РСМ да обезбеди поддршка за справување со последиците од невремето, се заблагодари Радев.

Реклама

Министерот за внатрешни работи на Бугарија Даниел Митов, по состанокот на кризниот штаб изјави дека станува збор за непремостлива катастрофа. Вели институциите прават се со цел да се справат со последиците.

-Апел до луѓето кои се евакуираат: да не се спротивставуваат на евакуацијата, според прогнозите ќе продолжи да врне, иако не толку обилно. Почвата е доволно натопена за да не апсорбира повеќе вода. Барем 24 часа не треба да се презема ризик, додека не се промени прогнозата, подобро е луѓето да бидат евакуирани за да нема опасност по нивното здравје и живот, изјави Митов.

Според информациите, ситуацијата постепено се стабилизира, но метеоролозите предупредуваат на продолжени врнежи и можни силни врнежи во текот на следните денови, што би претставувале закана за можни нови поплави.

Матеја Петровски