Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Кашиковски: Ако не биде исплатена августовската плата, од понеделник вработените во „Флораком“ и „Луна“ повторно на протест

Вработение од ДООЕЛ „Флораком“ и ДООЕЛ „Луна“, фирми-ќерки на ЈП „Паркови и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вработение од ДООЕЛ „Флораком“ и ДООЕЛ „Луна“, фирми-ќерки на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје денеска повторно протестираа блокирајќи го булеварот „Илинден“ од 10 до 12 часот поради се уште неисплатената плата за август, изјави претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ (Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Македонија) Стојанче Кашиковски.

Тој потсети дека вработените, законски, платата за август требало да ја добијат до 15 септември, но таа се уште не е исплатена.

– Од таа причина вработените одлучија повторно протестот да го изразат со блокирање на булевар „Илинден“. Доколку и во текот на денешниот ден од страна на раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје не биде исплатена платата за август за вработените во ДООЕЛ „Флораком“ и ДООЕЛ „Луна“, вработените повторно од понеделник ќе протестират со блокада на булеварот „Илинден“.  Вработените размислуваат доколку и понатаму не се најде решение за исплата на платата да го радикализираат протестот преку блокирање повеќе крстосници во Скопје, рече Кашиковски.

Реклама

Според неофицијални информации, како што рече, се очекува одредена сума парични средства да бидат исплатени на сметката на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и да бидат употребени за исплата на платите на вработените во овие две фирми.

– До завршивање на протестот, до 12 часот, тие пари се уште не легнаа на сметката на ЈП „Паркови и зеленило“. Доколку платата биде исплатена, од понеделник нема да има протест. За 10 до 12 дена стигнува за исплата и платата за септември и вработените се плашат дека е можно повторно до 15 да не ја добијат и платата за септември, изјави Кашиковски.