Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

Билал Касами, еден од лидерите на ВРЕДИ и кандидат за нов мандат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Билал Касами, еден од лидерите на ВРЕДИ и кандидат за нов мандат за градоначалник на Тетово, вели дека неговата изјава за поддршка на кандидатот на НАИ во Кичево, Фатмир Дехари била погрешно протолкувана бидејќи, како што нагласува, противниците на ВРЕДИ се обиделе да ја отворат етничката карта на овие избори. Реакцијата на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не ја гледа како „опомена“, објаснувајќи дека неговата изјава за Кичево е извадена од контекст.

Според него, треба да се има предвид контекстот и медиумот во кој била дадена изјавата, како и околностите во кои потоа била пренесена. Со тоа, нагласува, таа целосно била извадена од нејзината првична идеја.

– Изјавата, во моментот кога беше дадена, беше во контекст на тоа што нашите политички опоненти во овие избори се обидоа максимално да ја отворат етничката карта. Целата таа изјава, би рекол, беше искрена, но политички беше погрешно протолкувана – нагласи Касами.

Реклама

Тој интервју на Алсат, потенцира дека неговите ставови се јасни и во согласност со оние на коалицијата ВРЕДИ, објаснувајќи дека намерата не била да се поддржи ниту еден кандидат поради етничка припадност, туку врз основа на морални вредности и политички перформанси.

-Фатмир Дехари е најслабиот кандидат на ДУИ, кој за време на неговото владеење не донесе ништо добро во Кичево. Напротив, им наштети на градот и на луѓето од Кичево. Поради оваа причина, не можеме да застанеме зад него само затоа што е Албанец, рече Касами.

Тетовскиот градоначалник додава дека Движењето Беса отсекогаш ги поддржувало кандидатите кои ги претставуваат интересите на граѓаните, без оглед на етничката припадност.

-Како градоначалник на Тетово, работев за сите граѓани Албанци, Македонци, Турци, Роми. Тетово е космополитски град и сите ги уживаат сите придобивки од овие четири години. Во овој дух, и во Кичево, би сакале ДУИ да избере друг, подостоен кандидат, нагласува Касами.

Потсетува дека Движењето Беса имало свој кандидат во Кичево и дека граѓаните сега знаат „кого треба да поддржат во вториот круг“.

Касами се осврна и на коментарите на премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговата изјава за поддршка на кандидатот на НАИ во Кичево, Дехари.

Во интервјуто тој нагласува дека не ја гледа реакцијата на Мицкоски како „опомена“, објаснувајќи дека неговата изјава е извадена од контекст.

– Првично, не сметам дека имало каква било опомена. Мора да го земеме предвид контекстот, местото и медиумот во кој е дадена изјавата. Таа беше политички погрешно толкувана, вели Касами.

Тој и Вреди, како што нагаласи, не ја поддржуваат изјавата на кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница, Хаким Рамадани, кој е и директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, кој на средба со иселеници во Хамбург, Германија, рекол дека „треба да се знае кој е газда на својата земја”.

– Треба да се обединиме околу заедничките визии за развој. Ставовите на кандидатот за Општина Брвеница се негови лични ставови, јас како градоначалник на Тетово ги претставувам сите граѓани Македонците, Ромите, Турците и секако мнозинството Албанци“, истакна градоначалник Касами.