Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Караколевска: На штипското онколошко одделение годишно се прават 4.000 прегледи

На одделот за онкологија при Клиничка болница-Штип годишно се прават 4.000 онколошки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На одделот за онкологија при Клиничка болница-Штип годишно се прават 4.000 онколошки прегледи и тоа се пред сѐ пациенти од источниот регион, вели онкологот Марија Караколевска. Таа забележува дека оваа бројка говори и дека инциденцата на малигни заболувања е во пораст.

-Инциденцата и на млади пациенти, за жал се зголемува, односно се намалува возрасната граница во однос на сите типови на карциноми, не одделни. Меѓутоа, инциденцата да, се зголемува, но и преваленцата. Всушност тоа е бројот на сите заболени. Тоа е така, но во позитивна смисла имаме и напредок во лекувањето и на тој начин имаме и продолжување на животот на овие пациенти, изјави Караколевска.

Таа посочува дека најчести форми на карцином кои ги откриваат кај пациентите се на дојка, бели дробови, простата, а во изминатиот период сѐ почест е и меланомот, карциномот на кожата, што според експертите најверојатно се должи на недоволната заштита од сончевото зрачење.

Реклама

Карколевска апелира и за зголемување на свеста кај граѓаните, во врска со скрининг програмите и превентивните прегледи, бидејќи само така болеста ќе се фати во ран стадиум и како што вели таа, излекувањето ќе биде успешно.

-Тука треба да работи примарната здравствена заштита, да се подигне свеста и значењето на скрининг програмите, бидејќи тоа се пограми за да се дијагностицира карциномот, да се фати во најраниот стадиум, кога излекувањето е 90 проценти. Значи во тие 100.000 пациенти, опфатени во скрининг програмата и еден пациент да се фати во ран стадиум е 100 проценти за тој еден пациент, вели Караколевска.

Додаде дека населението мора и здравствено да е едуцирано, за кои се тие првични симптоми, кои што би укажувале дека станува збор на некое малигно заболување. Во едукацијата треба да се вклучи и примарната здравствена заштита и редовно да се има прегледи.