Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Кампањата „Македонско најдобро“ се проширува – ќе бидат опфатени и кондиторските производи

„Кампањата ‘Македонско – најдобро’ сепроширува. По земјоделските производи, наскоро ќе бидат опфатени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Кампањата ‘Македонско – најдобро’ сепроширува. По земјоделските производи, наскоро ќе бидат опфатени и кондиторските производи, а потоа и други домашни артикли. Владата е во постојана координација со Стопанската комора и групациите на производители, а намерата е да се поттикне промена на навиките на граѓаните и да се зајакне конкурентноста на економијата со цел да се обезбедат поодржливи цени на долг рок.

„Нареден чекор покрај земјоделските производи ќе имаме проширување со кондиторските производи и понатаму чекор по чекор ќе бидат опфатени и сите други македонски производи. Ние навистина треба како граѓани на оваа држава да ги препознаваме македонските производи и да им даваме предност, на таков начин ја поддржуваме македонската економија и производни капацитети“, изјави заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Од Владата порачуваат дека поддршката на домашното производство и почитувањето на законот за нефер трговски практики се клучот за стабилни цени и поефикасен пазар. Од наредната година заменик министерот најави и поголеми казни за сите кои нема да го почитуваат.

Реклама

„Сите имаме сознанија дека одредени маркети го почтивуаат законот за нефер трговски практики, но има и некои во одреден дел не го почитуваат. Сакам да ги охрабрам сите добавувачи производители кои имаат договори со трговците на мало и големо, ако не го почитуваат законот, да го пријават во КЗК, бидејќи со самото молчење и пролонгирање на проблемот си прават контра услуга и на себе и на граѓаните“, изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Ристески вели дека и нтервенциите со стоковните резерви остануваат еден од инструментите за стабилизирање на цените, но новата стратегија е тие да се надополнуваат исклучиво со македонски производи. Од Стопанската комора велат дека се во постојана комуникација со големите ланци маркети за спроведување на Законот за нефер трговска практика. Целта е да се обезбеди поголема транспарентност и доверба меѓу трговците и производителите.

„Мојата улога е да балансирам меѓу нив особено во такви ситуации тоа ќе го направиме врз основа на законот и на изјавата на премиерот кој јасно кажа дека нема да има мешање во ограничувањето на тоа. А како корекција на тоа трба да се активираат стоковите резерви и другите механизми кои ќе воведат  ред на пазарот. Но, ред на пазарот може да се воведе само со еднакви правила на игра. Ако не го направиме тоа влегуваме во зона која може да доведе штета на бизнисот“, изјави претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

Азески смета дека инфлацијата е реално прикажана од Заводот за статистика, но предупредува дека ограничување на цените со сила е невозможно и популстички. Решенијата треба да доаѓаат институционално, преку стоковните резерви и еднакви правила на игра, а не со административни интервенции. Владата според Азески вели дека треба да ги стави институциите во функција на стабилизирање на пазарот.