Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Кампања на РСБСП – Безбедно на мотоциклите

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) започнува кампања насочена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) започнува кампања насочена кон унапредување на безбедноста во сообраќајот на мотоциклистите која ќе се реализира во соработка со МВР, Факултет за Безбедност-Скопје, Мотоциклистичката федерација.

Во услови на зголемена мобилност и се поголемо присуство на мотоцикли во сообраќајот, мотоциклистите остануваат една од најранливите категории учесници. Кампањата има за цел да ја подигне свеста за ризиците, да поттикне одговорно однесување во сообраќајот и да ја зајакне културата на меѓусебно почитување помеѓу сите учесници во сообраќајот.

Под мотото Вози Одговорно-Секој живот е важен, испраќаме јасна порака: Безбедноста не е избор, туку обврска на секој учесник во сообраќајот. Возењето мотоцикл бара високо ниво на концентрација, дисциплина и почитување на сообраќајните правила и прописи, но истовремено бара и зголемена внимателност од страна на останатите возачи. Мотоциклистите се директно изложени на зголемен ризик од сообраќајни незгоди, како последица на непочитување на сообраќајните правила од страна на сите учесници во сообраќајот.

Реклама

Преку оваа иницијатива РСБСП упатува апел до мотоциклистите – секогаш да користат заштитна опрема, да возат одговорно и согласно сообраќајните прописи, до возачите на моторни возила – да ја зголемат внимателноста, особено при престројување, вклучување и свртување, а до институциите – да продолжат со зајакнување на превентивните и контролни механизми.

– Преку заеднички допринос преку почитување на сообраќајните правилата и прописите, континуирана едукација можеме да изградиме побезбедни патишта за сите – се наведува во соопштението од РСБСП.