Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Камионите блокирани на Ќафасан почнаа да минуваат низ Дебар и продолжуваат преку граничниот премин „Блато“

Врз основа на договорот на македонските и албанските надлежни служби камионите блокирани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Врз основа на договорот на македонските и албанските надлежни служби камионите блокирани на Ќафасан почнаа да минуваат низ Дебар и продолжуваат преку граничниот премин „Блато“.

За само неколку часа, преку граничниот премин „Блато“, на македонско – албанската граница кај Дебар, минаа најмалку 30 камиони, кои беа блокирани на преминот „Ќафасан“, кај Струга, како и други камиони кои биле известени дека не може да го продолжат патот кон Албанија од преминот кај Струга.  

Според Локалната дирекција за граница и миграција во Корча, на камионите им е дозволено да транзитираат со ист транзит и документација, како и на оние возила што се веќе царинети, а доколку имаат оштетени пломби, ќе бидат повторно поставени нови.

Реклама

Четири дена транспортните камиони беа блокирани на граничниот премин Ќафасан поради блокирањето на патниот правец ГП „Ќафасан„ – Елбасан, делница Либражд-Перњас поради свлечиште и големи оштетувања на коловозот и мостот кај Прењас. 

Малите и лесни возила, меѓу кои и со македонски регистарски ознаки, иако во многу помал број, се движат по спореден пат Малиќ – Моглица – Грамш – Елбасан, каде значително се зголемени  патролите на сообраќајната полиција, која апелира на голема внимателност.

Генералниот директор на Царинската управа на Албанија, Бесмир Беја, претходно изрази голема благодарност за разбирањето на македонските власти во правец на надминување на актуелната состојба, со дозволата камионите да минуваат преку „Блато“.

Натоварени камиони или приколки преку „Блато“ ќе минуваат секој ден од 12 до 24 часот, додека нетоварени камиони ќе можат да минуваат 24 часа. На овој премин не се дозволува премин на прехранбени производи од животинско потекло и нафтени производи, категории што мора да поминат низ Косово за влез или излез од Албанија.