Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Прилози

Камионџиите ги блокираа товарните терминали на границите, Николоски од Блаце: ЕУ мора да го олесни пристапот за професионалните возачи

Колони камиони од пладне ги блокираа граничните премини кон Бугарија, Грција и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Колони камиони од пладне ги блокираа граничните премини кон Бугарија, Грција и Косово. Целосно е запрен протокот на стоки во знак на револт против новите правила на Европската Унија, кои од професионалните возачи бараат да ги почитуваат истите ограничувања за престој во Шенген-зоната како и обичните туристи, односно не повеќе од 90 дена во период од 180 дена. Министерот за транспорт Николоски со поддршка до транспортерите. Тој на маса понуди три решенија за прекин на блокадата, која од денес, па во наредните седум дена ќе се одвива на сите гранични премини и во Македонија во Србија, Црна Гора и во Босна и Херцеговина.

„Првото решение е да се одложи примената на новиот електронски систем за евиденција за превозниците. Второто решение е да се зголеми бројот на денови што превозниците може да ги поминуваат во шенген-зоната, најмалку на 250 дена, соодветно распределени во циклуси, наместо сегашните 90 дена во 180. Третото решение е професионалните возачи и превозници да не се третираат како туристи, туку како професионалци. Тоа може да се уреди преку посебни правила или преку работни визи“, изјави Александар Николоски.

Николоски посочи дека на претставниците на Европската комисија со години се обидувал да им ги предочи овие работи, но дека не наишол на доволно слух, а доколку во најбрзо време не се најде решение, ваквата состојба ќе има сериозни последици, не само за македонската и регионалната туку и за европската економија. Николовски веќе разговарал со министерот за транспорт на Грција, а ќе направи обиди да разговара и со Бугарија иако таму во моментот има техничка влада, а во среда заминува за Загреб да раговара со својот хрватски колега, за надминување на проблемот.

Реклама

„Станува збор за земји што се членки на шенген-зоната, директни или индиректни соседи, и кои може да извршат дополнителен притисок за изнаоѓање решение“, изјави Николовски.

Од Асоцијацијата на здруженијата на работодавачите на превозните трговски друштва на Македонија „Макам-транс“ велат дека протестите ќе продолжат и во наредните седум дена, но ќе бидат затворени граничните премини само за товарен сообраќај.

„Од здружението Макамтранс велат дека преминувањето за граѓаните останува отворено, а ќе се направи исклучок и за камионите со лекови, жива стока и експлозиви“.

Од Макамтранс објаснуваат дека Европската Унија на овој начин прави дискриминација и се обидува да ги спречи да работат.

„Станува збор за професионална дејност – транспортна. Лицето работи во сопствената држава, возилото е регистрирано во сопствената држава и, едноставно, може да се каже дека Европа на овој начин сака да нè спречи да работиме“, изјави Билјана Муратовска од „Макам-транс“, изјави Билјана Муратовска од здружението „Макам-транс“.

За превозниците ваквиот начин е дискриминирачки и им се ограничува правото на слобода на движење.

„Загрозена ни е слободата на движење низ цела Европа, не можеме да зараб отуваме за дома, сите имаме семејства фамилии, се надевам дека ќе се реши ова најбрзо што е возможно, за да можеме да заработиме некоја пара, за да можеме сите среќни да бидеме, кажав и ќе кажам пак, колку ние зависиме од Европа, Европа зависи и од нас, сепак со големите инвестиции кои ги имаат кај нас, се надевам дека ќе се реши се… Во дијалогот сега што го правиме, па ќе видиме што ќе биде, ако има подобрување ќе се прекине се, ако нема подобрување ќе продолжиме и понатака со блокади“, велат транспортерите.

Тие се надеваат дека ќе наидат на разбирање од страна на европските држави, а дека ако до април не им се излезе во пресрет, нема да протестираат затоа што камионите и онака ќе стојат, затоа што ќе нема кој да ги вози. Тогаш последиците ќе бидат уште поголеми и сите ќе ги почувствуваат.