Со концерт на „Марко Виденовиќ и Мевлем“, збогатен со читање современа поезија, во Делчево се одржа уште еден културен настан во организација на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“. Настанот беше посветен на претстојниот државен празник, 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Присутната публика имаше можност да ужива во несекојдневно уметничко доживување, во кое камерната музика и современата поезија се надополнија создавајќи атмосфера исполнета со емоции, уметнички израз и културна содржина.
Настапот на „Марко Виденовиќ и Мевлем“ донесе спој на музиката и пишаниот збор, нудејќи поинаков пристап кон сценската уметност и можност за доживување на современото творештво преку повеќе уметнички форми.
Од НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ истакнуваат благодарност до уметниците за приредената вечер, како и до публиката за присуството и поддршката на културните настани во Делчево.
Концертот на „Марко Виденовиќ и Мевлем“ е реализиран со поддршка од Министерството за култура и туризам, како дел од активностите за збогатување на културниот живот и овозможување разновидни уметнички содржини за локалната публика.

