Реклама

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Македонија

Каматата на кредитите во ноември 4,80%, на депозитите 2,18%

Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во ноември 2025 година, забележа месечен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во ноември 2025 година, забележа месечен и годишен пад од 0,02 п.п. и 0,56 п.п., соодветно и изнесува 4,80%. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,18% и оствари месечен пад од 0,02 п.п., додека на годишно ниво е зголемена за 0,06 п.п, соопшти Народна банка.

Во ноември, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 4,54% и на месечна основа е зголемена за 0,05 п.п., при годишно намалување од 0,28 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити бележи пад на месечна и на годишна основа од 0,07 п.п. и 0,53 п.п., соодветно и изнесува 2,27%.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор, во ноември, е пониска за 0,02 п.п. во однос на претходниот месец и изнесува 4,41%. Притоа, промената е резултат на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,02 п.п., соодветно), како и на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,01 п.п.). На годишна основа, оваа каматна стапка забележа пад од 0,64 п.п.

Реклама

Во ноември, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,51%, што претставува месечен раст од 0,14 п.п. Од аспект на валутната структура, зголемувањето произлегува од растот на каматните стапки на кредитите во странска валута и на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,22 п.п. и 0,16 п.п., соодветно), додека каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула се намалени (за 0,46 п.п.). Во споредба со ноември минатата година, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е пониска за 0,17 п.п.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во ноември, изнесува 2,60% и е намалена за 0,01 п.п. на месечно ниво. Месечната промена се должи на пониските каматни стапки на депозитите во странска валута и на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,08 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), додека каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула бележат зголемување од 0,01 п.п. Kаматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор оствари годишно намалување од 0,08 п.п.

Овој месец, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор забележа месечен пад од 0,27 п.п. и изнесува 2,05%. Притоа, намалувањето е резултат на падот на каматните стапки на депозитите во странска валута и на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,59 п.п. и 0,16 п.п., соодветно). Истовремено, каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула изнесува 1,94%, за разлика од претходниот месец кога банките и штедилниците не примиле депозити од овој вид. Годишниот пад на оваа каматна стапка изнесува 0,38 п.п.

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во ноември, оствари месечно намалување од 0,02 п.п. и изнесува 5,19%. Падот во целост произлегува од пониските каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,04 п.п.), додека каматните стапки на останатите категории кредити се непроменети. Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата бележи намалување од 0,47 п.п. на годишно ниво.

Во ноември, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата се намали за 0,07 п.п. и изнесува 4,59%. Анализирано по валута, падот се должи на пониските каматни стапки на кредитите во странска валута и на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,26 п.п. и 0,06 п.п., соодветно), додека каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула забележаа зголемување (за 0,07 п.п.). Во споредба со истиот месец претходната година, оваа каматна стапка оствари намалување од 0,44 п.п.

Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во ноември, е намалена за 0,01 п.п. во однос на октомври и изнесува 2,13%. Промената произлегува од намалувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,02 п.п., соодветно), при раст на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,28 п.п.). Годишниот раст на каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 0,08 п.п.

Во ноември, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата6 изнесува 2,37% и забележа месечно зголемување од 0,01 п.п. како резултат на растот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,01 п.п.). Овој месец, кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Оваа каматна стапка бележи годишно намалување од 0,51 п.п.