Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Kако политичка партија сака да ја злоупотреби трагедијата во Kочани – инструкции од странство за планираните пртести на македонските студенти

Координативен состанок со странски инструктори за организирање пленуми и протести и копирање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Координативен состанок со странски инструктори за организирање пленуми и протести и копирање на српското сценарио и на македонска територија. На социјалните мрежи исплива видео на кое се гледа како студенти добиваат насоки од српска активистка за тоа кои се чекори треба да ги преземат.

„Пленумот директно го дискредитира Собранието во смисла како, Пленумот е тука затоа што Собранието не си ја работела работата. Значи џабе е, не може вината на никого, вината е во повредата болката на луѓето и тоа ќе биде. Значи сега треба да се организираме и да видиме како најефективно да го искористиме тоа“.

ТВ Алфа одлучи да не ги открие имињата на останатите присутни на состанокот, но најгласен меѓу нив е членот на Црвена Младина, младинското крило на Левица, Кирил Митановски чиј идентитет го објави самата партија во неумешниот демант испратен вчера. Тој сега отворено признава дека е партиски член и активист.

Реклама

„Јас не го кријам тоа. Уште од старт си кажувам дека јас лично сум од партија“, вели Кирил Митановски.

Алфа уште вчера објави транскрипти од вибер комуникација кои ни беа доставени од свиркачи, а сето тоа сега се потврди и со ова видео објавено на социјалните мрежи.

Инстукторката која зборува на српски на присутните на состанокот им објаснува дека може да биде проблем доколку се дознае оти зад активностите стојат политички партии и се вклучат политички експонирани личности.

„Ако некој ти каже дека си од партија, ти не си никаков духовен водач и ништо. Проблем е ако вашите партиски личности го завземаат и го превземаат медиумскиот простор и се наметнуваат како водачи на револуцијата и ако кажуваат дека ние сме еднакви, али малку повеќе се појавуваат на телевизија и глумат кои се они, како на пример Зоран Џинџиќ, па е важен и ја спасува земјата“.

На снимките се слушаат совети за тоа како да се организира привидно спонтан револт, како да се избегне секој институционален дијалог, да се креира медиумска драма и да се манипулира јавното мислење преку лажни профили и фабрикувани пораки.

Потоа детално им објаснува што се треба да направат, дека не треба веднаш да почнат со блокади туку да почекаат собирите да земат замав. Дека во следниот период треба да почнат соработка и со синдикатите и други организации.

„Да организирате работни групи, да организирате соработка со синдикатите. Ние еве соработуваме со синдикатите, за и синдикатите да влезат во штрајк и да штрајкуваат. Затоа што синдикатите се единствен начин како легално можеш да се буниш и да градиш граѓанска непослушност“.

Во еден дел од обуката српската инструкторка користи и навредлива терминологија за албанската заедница во Македонија велејќи дека целата работа е покомплексна овде поради мултиетничкиот карактер на земјата.

„Вие имате бугарски пасоши и многу повеќе Ши**ар*, и тоа може да го користите како толеранција“.

Додека цела Македонија е во траор и додека се прогласени денови на жалост поради трагедијата во која загинаа 59 млади луѓе, овие самопрогласени активисти низ смеа зборуваат што ќе прават следно.