Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Каја Калас од Скопје најави можен план Б за Македонија- Мицкоски подготвен да седне на маса со бугарската страна да разменат аргументи

Можно е да се размислува за план Б за евроинтеграциите на Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Можно е да се размислува за план Б за евроинтеграциите на Македонија доколку Бугарија не попушти во своите условувања, порача од Скопје високапата преставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас. Вели сепак се надева дека ќе дојде до договор меѓу двете страни, но доколку тоа не се случи, ќе се размислува за други механизми со цел државава да ги започне преговорите и да го забра патот кон полноправно членство во Унијата.

-Ние се фокусираме на план А и се обидуваме планот А да профунцкионира, затоа што кога се префрлате кон план Б, тогаш план А излегува од игра. Можеби ви звучам дека зборувам шифрирано, но сакам да ви кажам дека се уште се надеваме дека планот А ќе профункционира и ќе биде успешен, работиме кон тоа, доколку не тогаш ќе поминеме кон следната фаза, изјави Калас.

Калас оствари билатерална средба со премиерот Христијан Мицкоски, кој изрази надеж дека ќе се постигне договор со Бугарија, а македонските услови се познати, уставните измени да се имплементираат по ратификацијата на членството во ЕУ, со цел да нема нови условувања во текот на преговорите. Мицкоски порача и дека е подготвен да седне на маса со бугарските колеги, со цел да се презентираат аргументите кои што ги имаат двете страни.

Реклама

-За жал има сили во регионот кои што сакаат да рефлектираат нестабилност и затоа кога ќе ги имаме сите аргументи на еден ваков билатерален состанок, тоа би било многу добро да се слушне, на крајот од денот ние сите треба да седнеме да ги слушнеме аргументите, можеби од таа страна ќе слушнеме некои аргументи кои што не сме ги знаеле, каде исчезнаа да речеме 200 илјади Македонци во западна Бугарија од 56-та до 65-та, изјави Мицкоски.

Според Мицкоски местото на Македонија е во Европската Унија, бидејќи многу дала на тој пат, исполнувајќи реформи кои што биле барани од Брисел.

-Оваа држава има право да очекува многу појасна, поотворена и почесна потврда од самата Унија, затоа што ќе се согласиме не сите земји членки и не секогаш се однесуваат во европскиот дух. Побарав фер третман, побарав доследност, Европа да покаже лидерство кое што ќе донесе нешто вредно, изјави Мицкоски

На сличен став е и Калас. Вели дека треба да бидеме дел од ЕУ, бидејќи покрај постигнатите резултати во реформскиот процес, членството на Западен Балкан ќе значи многу и за безбедноста на цела Европа.

-Македонија припаѓа во ЕУ, вие имате навистина историја со усогласувањето со надворешната и безбедносна политика, а тоа ние нам многу важно, особено во овие турбулентни времиња кога гледаме дека има сериозни геопилитчки промени во светот. Тука би сакала да ги истакнам и вашите напори направени од Македонија и Владата во однос на реформската агенда, изјави Калас.

Каја Калас се сретна и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Двајцата, го отворија пррвиот дијалог за безбедност и одбрана со Унијата. Муцунски ја истакна ја истакна целосната усогласеност во заедничката политика во овој дел, што не е само техничка обврска, туку и јасен израз на нашата стратешка определба, вредности и партнерство со ЕУ.

Матеја Петровски