Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Kовачевски, Пендаровски и Џафери ги поистоветија уставните измени со борбата на комитите и партизаните

Талат Џафери од Мечкин Камен, Димитар Ковачевски од Калето Стево Пендаровски од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Талат Џафери од Мечкин Камен, Димитар Ковачевски од Калето Стево Пендаровски од Пелинце ги поистоветија Илинденците со уставните измени. И тројцата испратија порака дека билоо време за вистински одлуки во интерес на државата мислејќи на вметнувањето на Бугарите во уставот, во истиот момент додека во Софија државниот врв целосно го присвоија илинден и го негираат постоењето на Македонија. Во нивните говори провејува притисокот на меѓународниот фактор за отварање на Уставот, па за дел од лингвистите е нејасно за каква дипломатска борба зборува премиерот Ковачевски. Професорката Елка Јачева Улчар вели дека Владата не војува во дипломатска борба, туку само потпишува, а со тоа ги понижува Македонците.

Ковачевски потсети дека Илинденците војувале во борби, а сега Македонија е исправена пред вистински предизвик да војува во дипломатските борби, заборавајќи дека комитите го положија животот за идеалот Македонија, додека оваа власта потпишува се што и се сервира од соседите кои го негираат македонскиот идентитет и историја.

Со слична интонација и говорот на собранискиот спикер Џафери. Во неговото обраќање вели дека од сите нас зависи кој ќе биде патот на нашата татковина, европскиот пат или како што рече ќе направиме непоправливи грешки. Тој исто како и премиерот на одбележувањето на 120 години од назначајниот македонски државен празник најмногу се задржа на евроатланскиот пат на земјава без ниту еднаш да напомена за односот на нашиот источен сосед и меѓународната заедница.

Реклама

Илинден се празнуваше и во Бугарија. 120 години од ослободување на бугарскиот народ во Македонија и Одринска Тракија, со овие зборови бугарската национална телевизија БНТ ја отпочна утринската програма на најголемиот државен празник кој го празнува Македонија, Илинден. Јавниот сервис во Софија потготви богата програма на тема борбата на Бугарите за време на Илинденското востание.

Како што информираше бугарскиот јавен сервис, во 1903 та загинале над 5000 луѓе, а 30.0000 Бугари биле приморани да се преселат во слободна Бугарија. По повод Илинден Националната бугарска телевизија емитуваше документарци посветени на борбата на Бугарите за време на Илинденското востание.

Паула Костадиноска