Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

ЈП „Комунална хигиена“: Расчистени 915 кубни метри отпад од диви депонии низ Скопје

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на изминатата недела…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на изминатата недела отстраниле вкупно 915 кубни метри непрописно одложен отпад од диви депонии на јавни и сообраќајни површини низ сите скопски општини.

Како што информираат од претпријатието, најголемо количество отпад е подигнато на територијата на Општина Центар, каде што се расчистени 185 кубни метри непрописно одложен отпад.

Во рамки на контролите за почитување на прописите за јавна чистота, Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на минатата седмица изготвила 15 записници за физички и правни лица затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота. Најголем број записници биле издадени на подрачјето на Општина Чаир.

Реклама

Од претпријатието потсетуваат дека граѓаните и натаму имаат можност без надомест да го одложуваат кабастиот отпад, како што се стар мебел, електрични и електронски апарати, во Центарот за селекција на отпад во Карпош. Центарот е отворен секој ден од 7 до 19 часот.

За граѓаните кои имаат потреба од преземање и транспорт на кабаст отпад од нивните домови, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје нуди услуга со специјални комунални возила, која може да се нарача од понеделник до петок, во периодот од 7 до 15 часот, на телефонските броеви 0800 222 33 и 3216-644.

Од претпријатието посочуваат дека услугата се наплатува согласно важечкиот ценовник објавен на нивната веб-страница.