Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Јовановски по преземањето на функцијата градоначалник на Кичево: Ќе работам посветено, транспарентно и во интерес на сите

Новиот градоначалник на Општина Кичево, Александар Јовановски денеска ја презеде функцијата од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот градоначалник на Општина Кичево, Александар Јовановски денеска ја презеде функцијата од досегашниот градоначалник Фатмир Дехари. Тој во објава на Фејсбук на македонски, албански и турски јазик посочува дека оваа должност не ја гледа како привилегија, туку како обврска пред граѓаните да работи посветено, транспарентно и во интерес на сите.

-На самиот почеток сакам искрено да му се заблагодарам на досегашниот градоначалник, г-дин Фатмир Дехари, за неговиот долгогодишен ангажман и придонес. Почитта кон сработеното е темел на секој напредок, а континуитетот и соработката се клучот за идни успеси. Нашиот град има потенцијал, има вредни луѓе и има визија за подобра иднина, напиша Јовановски.

Тој нагласува дека неговата цел е да изгради локална самоуправа која ќе биде блиска до граѓаните, отворена за идеи и решенија, и која ќе ги слуша сите, без разлика на политичка, етничка или верска припадност, сите се поддеднакво важни.

Реклама

– Верувам дека со заедничка работа, искрен дијалог и посветеност ќе создадеме поубав, поправеден и поуспешен град за сите нас и за идните генерации. Нека е аирлија, да продолжиме напред заедно, за мене како што знаете поделбите не постојат, она по што ќе се водиме е достоинствен живот за сите! Д-р Александар Јовановски – ваш градоначалник на Општина Кичево, посочува Јовановски.