Реклама

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Македонија

ЈОРСМ: Мирен изборен ден со изолирани случаи на поткуп и фотографирање гласачки ливчиња

Најчестите пријави кои јавните обвинителства ги евидентираа за време на изборниот ден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најчестите пријави кои јавните обвинителства ги евидентираа за време на изборниот ден се однесуваат на поткуп на гласачи и фотографирање на гласачки ливчиња, информираше Џељаљ Бајрами, претседател на привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на постапувањето по евентуални кривични дела поврзани со изборите. Тој изјави дека иако бројот на инциденти е ограничен, обвинителствата низ државата веднаш започнале постапки за нивно расчистување.

-Генерално денеска што се пријавени како настани се фотографирање на гласачко ливче или евентуално поткуп при избор и гласање. За тоа кривично дело најмногу се постапува, изјави Бајрами на вечерашната прес-конференција во ЈОРСМ.

Според информациите на ЈОРСМ, на територијата на ВЈО Скопје, ОЈО Велес испитува наводи за поткуп при гласање во селото Согле, додека ОЈО Куманово работи на два случаи на телефонски влијанија врз гласачи.

Реклама

Во Скопје, две лица биле задржани на гласачко место во Чаир поради одбивање да се легитимираат, а во Гази Баба се евидентирани два случаи на фотографирање гласачко ливче.
Во Охрид, по оперативни сознанија на МВР, три лица биле запрени во возило во кое биле пронајдени банкноти од по 2.000 денари и списоци на гласачи.

-По наредба на јавен обвинител, се испитуваат сите околности на случајот. Ќе се утврди дали станува збор за организиран поткуп или за индивидуални прекршувања, појасни Бајрами.

Во Кичево и Желино, обвинителствата реагираале по објави во медиумите за евентуални прекршувања на изборниот молк, а во Македонски Брод се испитува случај на нерегуларности при гласање на болно лице.

Во Тетово е заведен предмет за повреда на тајноста на гласањето, откако фотографија од гласачко ливче се појавила на социјалните мрежи.

-Генерално можеме да го оцениме дека денешниот ден е поминат мирно од наш аспект, додаде Бајрами, нагласувајќи дека обвинителствата остануваат будни и подготвени да реагираат на секој сигнал за нерегуларности.