Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Јонуз: Ќе расте бројот на оние кои ќе му кажат НЕ на Таравари, само тој и Али Ахмети знаат што имаат во своите глави

Поради можната љубов со Али Ахмети, Арбен Таравари веќе остана без двајца…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради можната љубов со Али Ахмети, Арбен Таравари веќе остана без двајца пратеници, а бројот на оние кои ќе го напуштат може да продолжи да расте во наредниот период. Според познавачите со овој потег сега веќе поранешниот министер за здравство ги разочара оние кои му ја дадоа поддршката, со цел ДУИ да замине во опозиција. Политичкиот аналитичар Агим Јонуз вели оти е убеден дека наредниов период голем број сопартијци ќе го напуштат Таравари.

-Водејќи се од тоа дека народот кој што го изгласа „Вреди“, бара промени, бара тоа што е ветено да се спроведе на дело, а Таравари го повлекува овој чекор не значи дека нема луѓе кои размислуваат со свој ум, своја глава, тоа не значи дека луѓе немаат дигнитет и тоа не значи дека луѓето не стојат зад она што го ветиле на гласачкото тело. Тврдам не само што сум убеден, туку тврдам допрва ќе појавуваат луѓе кои на Арбен Таравари едноставно ќе му кажат децидно не, изјави Јонуз.

Таравари важеше за најголем ривал на ДУИ додека тие беа во власта, но очигледно работите се променија во пресрет на локалните избори, па сега се очекува негов заеднички настап со Ахмети. Според Јонуз на никого не му е јасно зошто првиот човек на едно од крилата на Алијанса за Албанците се решил за ваков потег.

Реклама

Хипокризијата на Таравари како елаборација зошто се повлекува од Владата и од позициите, дека албанската политичка сцена трпи штета, дека не е тоа што треба да биде итн итн. се приказни за мали деца. Само он и Али Ахмети знаат што имаат во своите глави, што договараат, што договориле и што допрва ќе прават, изјави Јонуз.

По одлуката да ја напушти владината коалиција Таравари досега остана без двајца народни избраници. Салим Сулејмани поднесе оставка од пратеничката и од сите партиски позиции во Алијанса за Албанците, а сега и Мимоза Муса, кажа дека останува дел од владиното мнозинство. Порача дека го добила гласот од оние кои се изнемоште од дводецениското владеење на ДУИ и побарале промени на политичката сцена.

Матеја Петровски