Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Јавното обвинителство се заинтересира за израелскиот пи- ар стратег на СДСМ и Ковачевски

Обвинителството се заинтересира за странскиот консултант на СДСМ. Ако Комисијата за изборни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителството се заинтересира за странскиот консултант на СДСМ. Ако Комисијата за изборни нерегуларности нотира сомнеж во врска со евентуалното ангажирање на Асаф Еисин, дали ако има ангажман, е заведен во некоја документација и од кои пари е платен, ОЈО ќе постапи согласно своите надлежности. Од Обвинителството за Алфа велат дека ги следат сите информации кои до сега беа пласирани во јавност.

Сите информации ги следиме и ќе ги доставиме до комисијата што следи изборни нерегуларности, доколку тие утврдат нерегуларности, Обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности – велат од ОЈО.

Од финансиската полиција се уште нема одговор – дали доколку Асаф Еисин е навистина ангажиран од страна на социјалдемократите, како што тврдеше Пендаровски, ќе истражуваат од кои пари се платени скапите услуги на пи-ар експертот кој според странските медиуми имал куп специјалци кои работат на рејтингот на звучни политички имиња.

Реклама

Експертите предупредуваат дека целата приказна ќе застане тука – заглавена во лавиринтот политички-контролираното правосудство. Не се очекува институционална разврска на случајот.

Друго е прашањето кој го плаќа тој странски консултант, чии пари, итн, веќе во почетокот беше фатен во лага Пендаровски, рече дека не консултирал никого, па рече имал средба, се заплетка работата кај нив. Така да што и да прават, нема многу да им помогне. Институциите нема да истражат ништо, нема да се занимаваат со ова, тоа мислам дека е сосема јасно, се знае какви се институциите, ништо не функционира, иако би било добро да се истражи, во кој степен е ангажиран, и кој го плаќа. И да не е законски ќе најдат форма како да стапат во контакт и како да добиваат совети од било кого, значи постои можност за изигрување на законот – вели новинарот Дарко Јаневски.

Според Јаневски, Пендаровски дури и со помош на израелскиот стратег, не може да го избегне поразот.

Нема многу да се одрази на изборите бидејќи предноста на Силјановска е преголема и не ми е јасно зошто влегува во такви шеми, тој го помина безлично мандатот и што и да направи во кампањата ќе биде залудно, единствен излез му беше да се излеат албанските гласови во втор круг, но сега бидејќи и таму има опозиција, извесен е неговиот пораз – додава Јаневски.

Од Кабинетот на Пендаровски денеска нема каква било реакција по вчерашната изјава на лидерот на СДСМ дека не знае што зборува Пендаровски и дека во пи-ар тимот нема Израелци.