Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Јавна расправа за Четврта анализа на пазар на услуги во јавни мобилни електронски комуникациски мрежи

Агенцијата за електронски комуникации отвори Јавна расправа за Четвртата анализа на пазар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за електронски комуникации отвори Јавна расправа за Четвртата анализа на пазар за пристап и започнување на услуги во јавни мобилни електронски комуникациски мрежи .

Сите заинтересирани субјекти можат да ги достават своите мислења и забелешки за нацрт документот најдоцна до 12 декември годинава. 

– Основната цел за спроведување на четвртата анализа на овој пазар е да се дефинира пазарот и услугите кои се обезбедуваат, да се определат операторите кои делуваат на овој пазар, да се определи дали пазарот е доволно конкурентен или се приближува кон состојба на ефективна конкуренција, дали постои оператор на јавна електронска комуникациска мрежа кој поседува економска моќ и капацитет да дејствува во забележителни размери независно од конкурентите и корисниците на тој пазар, односно да се определи дали на пазарот постои оператор или оператори со значителна пазарна моќ, велат од АЕК.

Реклама

Анализата го опфаќа временскиот период  од 01.01.2021 – 31.12.2024 година), кога во евиденцијата на АЕК се нотифицирани мобилните мрежни оператори на јавни мобилни комуникациски мрежи,  Македонски Телеком АД Скопје и А1 Македонија ДООЕЛ Скопје, како и виртуелните Лајкамобајл ДООЕЛ Скопје, МТЕЛ ДООЕЛ Скопје, ТРД РОБИ ДООЕЛ Штип и Греен Телекомуникации ДОО Прилеп.