Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Јавен повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година

Министерството за образование и наука објавиповик за остварување на правото на субвенциониран…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука објавиповик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година и ги повика сите студенти што ги исполнуваат условите да се пријават.

Тие треба да се државјани на Македонија, да се редовни студенти запишани на прв циклус, односно втор циклус на студии, како и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во Републиката за тековната година.

Кандидатите треба да се пријават електронски на https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и при пријавувањето да ги пополнат обрасците пријава за стекнување право на субвенциониран студентски оброк и изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување право на субвенциониран студентски оброк и потпишани да ги прикачат кон електронската апликација на https://e-uslugi.mon.gov.mk/ 

Реклама

Рокот за пријавување за тековните студенти, како и за лицата што ќе се запишат и ќе стекнат статус на студенти во академската 2026/2027 година, е од 26 до 31 август 2026.

– Исто така, почнувајќи од октомври, од 1 до 5  секој месец од академската 2026/2027 година ќе тече рокот за пријавување на студентите што не го оствариле правото на субвенциониран студентски оброк по јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк или чие право престанало поради неисполнување некој од критериумите тогаш кога повторно ќе ги исполнуваат критериумите наведени во овој повик. Сите студенти што го оствариле правото на студентски оброк ќе почнат да ги примаат средствата во месецот што следува по завршувањето на месецот во кој се пријавиле за правото на студентски оброк – соопшти МОН. 

Субвенциониран студентски оброк е финансиска поддршка во износ од 140 денари, која студентот ја добива од Министерството за образование и наука за купување приготвена храна.

Корисниците имаат право услугата да ја користат од понеделник до сабота. Доколку корисникот на субвенциониран студентски оброк во периодот од понеделник до сабота не го искористи правото на оброк, износот му е достапен на користење на сметката до крајот на тековната седмица, заклучно со сабота. Правото за субвенциониран студентски оброк корисникот не може да го остварува во периодот од 1 јули до 1 октомври во годината во која го стекнал правото на субвенционирање студентски оброк, како и за време на државни празници и неработни денови.

Министерството за образование и наука склучи договор со Шпаркасе банка АД Скопје за реализација на исплатите за субвенциониран студентски оброк. Оттаму, сите студенти што ќе го стекнат ова право ќе треба да потпишат договор со Шпаркасе банка за отворање посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка за субвенциониран студентски оброк, независно од тоа дали претходно биле клиенти на  таа банка. Рокот и начинот на подигање на картичките ќе биде дополнително објавен од Министерството и Шпаркасе банка.

Јавниот повик на МОН содржи повеќе информации за условите за остварување на правото субвенциониран студентски оброк и за начинот на аплицирање. За сите прашања поврзани со пријавувањето на корисниците МОН обезбеди поддршка преку Секторот за ученички и студентски стандард и можност да се контактира на електронската пошта [email protected]