Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Јаревски: Предлог буџетот за 2026 година е со проекции основани на барања на буџетските корисници

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, кој истакна дека предлог-буџетот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, кој истакна дека предлог-буџетот за 2026 година ги опфаќа потребите на буџетските корисници и дека овој предлог буџет има изразена фискална дисциплина, како и серија инструменти кои ќе значат зголемена отчетност и ефикасност при самата реализација, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Буџет што значи работа, работа и само работа. Овие проекции ги базираше Mинистерството за финансии врз основа на барањата на буџетските корисници. Исто така, има два нови моменти кои треба навистина да се земат и да се почитуваат, тоа е изразена фискална дисциплина, како и серија на инструменти коишто ќе значат  зголемена отчетност и ефикасност при реализацијата на самите буџети. Треба да се поздрави и тенденцијата за намалување на буџетскиот дефицит, лани беше 4 сега е веќе 3,5 тоа е 0,5  намалување“, рече Јаревски.

Јаревски направи компарација за време на владеењето на претходната влада и сега.

Реклама

„Ние претходно се изнагледавме буџети од СДСМ и од ДУИ, кога ќе дојдеше ребалансот гледавме дека реализацијата е лоша. СДСМ успеа да ни го дуплира долгот за времето на нивното владеење. Сега ова е далеку од дуплирање, доколку овие инструменти, како и зголемување на фискалната дисциплина, потоа алатките што ги воведува министерството дадат резултати, веќе реалност ќе ни биде и во однос на растот од 3,8% и во однос на стабилизирањето на инфлацијата“, посочи Јаревски