Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Јанков: Со заокружување на бројот 9 започнува создавање на нова иднина во Струмица

Петар Јанков, кандидат за градоначалник за општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петар Јанков, кандидат за градоначалник за општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, истакна дека време е за политички пресврт и промена во Струмица која ќе ја врати довербата кај граѓаните и дека граѓаните на Струмица се подготвени за нова политичка страница во градот, се вели во соопштението до ВМРО-ДПМНЕ.

„Повеќе од јасно е дека граѓаните сакаат промена. Со секојдневните средби кои ги имам, ја гледам надежта во вашите очи. Време е за политички пресврт кој ќе ја врати довербата кај граѓаните. Да ја отвори вратата за политика на вредности,  чест и промена. И токму оваа визија нè обединува дека иднината на Струмица мора да се гради заедно, без поделби и со јасни цели“, рече Јанков.

Јанков исто така наброи дел од проектите на изборната програма а најголемиот фокус е ставен на инфраструктурата, здравството, борбата со загадениот воздух, уредување на паркови, како и дигитализација на општинските услови и работата на општинскиот Совет.

Реклама

„Им ветив дека за овие избори ние имаме  конкретен план за иднината на градот. Нашата програма ги опфаќа речиси сите области од општественото живеење, од инфраструктура, образование, животна средина, енергетска ефикасност, спорт,  туризам, социјала и здравство. Да инвестираме во модерна инфраструктура, во нови улици и јавни простори, да се погрижиме за борбата со загадениот воздух и да го решиме проблемот со водата  за пиење. Преку конкретни мерки, субвенционирања, мерни станици и акредитации за лабаратории. Да уредиме нови паркови, зелени зони и јавни простори за сите генерации, да се грижиме за образованието преку  изградби на нови училишта,  спортски сали и базен. Реконструкции и реновирања на повеќе образовни објекти, да ги отвориме вратите за нови инвестиции и работни места, да ги дигитализираме општинските услови и работата на општинскиот совет со цел транспарентно и отворено работење. И уште многу други проекти кои ја чекаат светлината на денот“, истакна Јанков.

На крај Јанков повика на обединување и заокружување на бројот 9 со цел создавање на нова просперитетна иднина во општина Струмица.

„Со заокружување на бројот 9 започнува создавање на нова иднина, да излеземе масовно и обединето да ги донесеме промените во Струмица. Гласајте за бројот 9 за градоначалник и за советничката листа предводена од луѓе со интегритет, кој ќе работат во интерес на струмичани. За твоето место и твојата иднина“, дециден е Јанков.