Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Јаневска за новиот закон за учебници: Очекуваме да добиеме подобар квалитет и поголема ефикасност

Јавноста ќе може во наредните 20 дена да дава сугестии на предложениот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавноста ќе може во наредните 20 дена да дава сугестии на предложениот текст за нов закон за учебници за основно и средно образование што го изработи Министерството за образование и наука и е ставен на ЕНЕР (Електронски национален регистер на прописи). 

Како што изјави министерката Весна Јаневска, новина во Предлог-законот е што им се дава можност на издавачките куќи да учествуваат со веќе подготвени учебници и тие ќе ја имаат обврската за печатење. Од новиот закон таа очекува учебници со подобар квалитет и нивно навремено доставување во училиштата. 

– Вчера е објавен (на ЕНЕР) новиот закон за учебници. Новината е што овојпат им даваме можност на издавачките куќи да учествуваат со веќе подготвени учебници кои потоа во процедура на избор, одобрување од Бирото, рецензии од Националната комисија, би биле избрани и обврската за печатење се префрла на издавачките куќи кои со договор ќе бидат обврзани да ги достават учебниците до 1 септември. Тоа е новината. Според првата година, ќе видиме дали повеќето од постапките ќе можат да се префрлат на издавачките куќи, а очекуваме да добиеме подобар квалитет на учебници и поголема ефикасност за да не се доведеме во ситуација на 1 септември да немаме учебници, изјави министерката Јаневска пред отворањето на конференцијата „Подобрување на квалитетот на образованието“.

Реклама

За постапките за учебници кои се почнати до сега, рече дека ќе продолжат по старите процедури затоа што МОН има обврска нив да ги заврши.

МОН на својата веб-страница ја повика јавноста да учествува со сугестии и предлози во подобрувањето на предложениот текст на новиот закон кој треба да го замени актуелниот донесен во 2008 година.

-Сите заинтересирани граѓани може да дадат свој придонес во усвојувањето на најдобрата верзија што ќе биде проследена во собраниска процедура. Во Предлог-законот се интегрирани сугестиите на издавачките куќи во Македонија со чии претставници раководството на МОН и на Педагошката служба имаа конструктивна работна средба. Новиот закон треба да обезбеди изработка на учебници со поквалитетна содржина, намалување на веројатноста за појава на грешки какви што имаше досега  и да ја поедностави постапката за набавка, со цел учебниците да бидат навремено испорачани во училиштата, објави МОН.