Реклама

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Македонија

Јаневска: Важни ни се сите сегменти на образованието и ќе делуваме одеднаш и подеднакво

Нови наставни програми и учебници, проширување на концептот на дуалното образование, воведување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови наставни програми и учебници, проширување на концептот на дуалното образование, воведување едносменска настава и продолжителен престој во училиштата – ова се дел од реформите во образованието што според министерката за образование Весна Јаневска се неопходни за да се стабилизира образовниот систем во Македонија. За ова ќе треба време, оти според Јаневска  сегашните состојби во образованието создаваат повеќе предизвици, отколку што решаваат проблеми.

„За сите овие промени, потребна е квалитетна законска регулатива и во оваа прилика ќе потсетам дека, веќе започнавме со јавна дебата за менување на повеќе законски решенија – за основно и средно образование, за средно стручно образование, за образование на возрасните и за националната рамка на квалификации“, рече министерката за образование Весна Јаневска.

Европската унија укажува дека мора да се направат реформи во образовниот систем. Со тоа што ќе се привлечат најдобрите професори и професионалци од образованието но и ќе се создаде поповолна средина за предавање и учење. ЕУ нуди безрезервна помош за промените.

Реклама

„Идните реформи кои ги очекуваме за растот на Западен Балкан, очекуваме усвојување и имплементација на новата формула за финансирање на примарното и секундарното образование, потоа развивање на дигиталните вештини на учителите, водење во изборот на кариера во училиштата како и развој на дуалното образование“, изјави Александру Албу, Делегација на ЕУ во Македонија.

Во меѓувреме, премиерот Мицкоски најави дека со повеќе од 18 милиони евра ќе бидат реконструирани студентските домови, не само во Скопје, туку и во другите градови каде што има универзитетски кампуси.