Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Јаневска: Спроведуваме истражување за вработливоста на македонските студенти

Министерството во моментов спроведува истражување во кое се вклучени сите државни универзитети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството во моментов спроведува истражување во кое се вклучени сите државни универзитети и генерацијата дипломирани студенти во академската 2022/2023 година, за да видиме каков е степенот на вработливоста, односно дали овие студенти веќе се вработиле и за колку време по дипломирањето, дали стекнатите знаења и вештини им се применливи на работното место, дали се задоволни од приходите од работата и слично. Тоа ќе ни помогне да увидиме попрецизно каков квалитет продуцираат нашите универзитети и што е тоа што треба да се промени.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на настан на Економскиот факултет во Скопје, на кој беа презентирани резултати од проектот „Skills4Justice“ што адресира прашања поврзани со миграцијата на населението, а се спроведува во рамки на програмата Хоризонт на Европската Унија.

-Истражувањето ќе ни покаже дали се потребни нови студиски програми, дали е можеби добро да воведеме интердисциплинарни студии, повеќе практична настава на одредени факултети, редефинирање на квотите и слично. Резултатите ќе бидат корисен основ за креирање на идните високообразовни политики, рече Јаневска.

Реклама

Министерката информираше дека во процес на подготовка е нов Закон за високо образование, кој ќе биде добра основа за поставување цврсти темели на високото образование. Посочи дека се разгледуваат можности во законот да има и мерка во иднина на најдобрите студенти во секоја генерација да им се понуди вработување на јавните универзитети и научни установи.

-Се трудиме да го унапредиме квалитетот на образованието, кое во минатото често беше причина за младите да си заминуваат во други земји барајќи подобри образовни можности. Ќе направиме крупни промени, но потребна е посилна соработка со сите чинители, а особено со универзитетите и бизнис заедницата, за да го стопираме процесот на миграција, додаде министерката, напоменувајќи дека станува збор за голем предизвик, со оглед дека за седум години во државата има 17 илјади ученици помалку, а бројот на студенти е намален за 7 илјади.