Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Јаневска: Сите иницијативи од студентите ќе бидат внимателно разгледани како и секогаш

 По најавата од студентски организации дека во Министерството за образование и наука…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 По најавата од студентски организации дека во Министерството за образование и наука ќе достават иницијатива за зголемување на субвенцијата за студентски оброк, министерката Весна Јаневска денеска изјави дека треба да се направи анализа дали има можности во буџетот за поголем износ за оброкот, кој сега е 140 денари дневно. 

​- Со внимание ќе ги разгледаме иницијативите на студентите, како и сите досега, и по тоа внимателно разгледување, ќе одговориме во рамките на нашите можности. Ќе треба да се направи анализата и потоа ќе им одговориме и на студентите и јавно – рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Машинскиот факултет по повод Европската ноќ на истражувачите. 

​На прашање дали МОН може да помогне со субвенција за меѓуградски превоз за студентите што патуваат секој ден поради зголемени цени на билетите, Јаневска одговори дека и таа иницијатива, кога ќе стигне во МОН, ќе биде разгледана и ќе биде одговорено во рамките на буџетските можности.

Реклама

– Министерството ги слуша сите иницијативи, но не значи дека има ингеренции сите иницијативи што студентите ги пројавуваат и да ги реши. Многупати се случува училиштата да бараат од Министерството нешто што не е ингеренција на Министерството, туку ингеренција на општината – додаде министерката.   

Јаневска изјави и дека дополнителниот оглас за образовни асистенти е завршен, изборот е речиси завршен и дека останува да се дообезбедат асистенти во многу помал број. 

– За жал, некои од асистентите се откажуваат од работата, но јас многупати сум кажала и ќе повторам – сите деца треба да бидат згрижени во училиштата. Таму има инклузивни тимови, таму има стручни служби, таму има други образовни асистенти, кои, освен на едно, може да им помогнат на повеќе деца. Образовниот асистент не е личен асистент. И сите што треба да добијат образовен асистент, ќе го добијат – изјави Јаневска. 

Во однос на тоа од кои причини најчесто се откажуваат да бидат образовни асистенти за да работат со деца со посебни потреби во наставата, Јаневска одговори дека тоа не е прашање за министерот.

– Тоа е индивидуално прашање. Претпоставувам дека не се чувствуваат компетентни да работат со тие деца – додаде Јаневска.