Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Јаневска: Пристигнати се две иницијативи за подобрување на студентскиот стандард, ги анализираме и правиме пресметки

Се анализираат и се прават нови пресметки за подобрување на студенсткиот стандард…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се анализираат и се прават нови пресметки за подобрување на студенсткиот стандард – најави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која по пуштањето на реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, одговараше на новинарски прашања за стандардот и за капацитетите за сместување во домовите за студентите. Јаневска потврди дека во Министерството се стигнати две иницијативи за подобрување на студентскиот стандард.

– Ние ги анализираме и правиме пресметки и јас се надевам дека ќе изнајдеме решение во рамките на нашите буџетски можности и тоа ќе им биде соопштено на студентите. Јас исто така повеќепати сум рекла дека ќе има приоритети и еве, ова е приоритет – нивното живеење и нивните услови за учење се приоритет. За еден-еден и пол месец ќе се видиме во „Кузман“ и тоа се, јас ги кажав, средствата што се трошат – изјави Јаневска. 

Министерката за образование и наука истакна дека минатата година инвестирале во опремување на лабораториите на факултетите. 

Реклама

– Односно, нагледните средства, каде што тие учат и работат. Така што верувам дека и сите нивни барања со тек на време ќе ги исполниме, повторувам, во рамките на буџетските можности – рече Јаневска. 

Прашана дали се прифатливи барањата на студентите за подобрување на студентскиот стандард, Јаневска истакна дека во тек се пресметките.

– Ви кажав дека сè уште анализираме, ќе видиме и заедно со студентите се надевам ќе изнајдеме некакво заедничко решение, кое ќе биде прифатливо за сите нас, повторно во рамките на буџетските можности – истакна Јаневска. 

Таа додаде дека студентите што ги исполнуваат условите веќе се сместени во студентските домови во Скопје 

– Ви кажав дека сите студенти се сместени. Сместени се во „Гоце“, сместени се во овој дом. Во овој дом сè уште има неколку празни соби, рачунајќи го и сместувањето на бруцошите. Кога ќе ги сместиме и бруцошите, ниеден студент нема да остане без студентска соба ако исполнува услов – рече Јаневска.