Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Јаневска очекува проектот за доградба на двете згради за ФИНКИ да биде готов во ноември и веднаш да се распише тендер за изведувач 

– Проектот за доградување на двата објекта наменети за ФИНКИ, во близина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Проектот за доградување на двата објекта наменети за ФИНКИ, во близина на Ректоратот на УКИМ, е при крај и се очекува да биде завршен во ноември по што ќе биде распишан тендер за изведувач и да почне изградбата. Покрај двете згради што ќе ги добие Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, ќе се доградува и објект наменет за Факултетот за физичка култура (ФФК) за кој првично беше наменет еден од двата објекти кај Ректоратот. Овој објект ќе се гради на локацијата каде што и сега се наоѓа ФФК.

– Го видовме идејното решение. Проектот е пред крај. Дополнително, имаме донација од шпанската влада и експерт кој исто така учествува во работата за финиширање на овој проект. Јас очекувам проектот во ноември да биде комплетно готов. Штом ќе биде готов, веднаш ќе распишеме тендер за изведувач, односно да се почне со градба на овие две и на уште една, трета зграда – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Машинскиот факултет по повод Европската ноќ на истражувачите. 

Како што беше претходно соопштено, двете згради за ФИНКИ ќе бидат поврзани со мост. Јаневска потсети дека во изминатата година се работеше на репроектирање за да се направи современ проект за двата објекти, кои повеќе од 10 години  стојат недоградени. 

Реклама

– Беа оставени на забот на времето. Мораше да се направи анализа со помош на факултетите од УКИМ – за што сум им благодарна, професорите работеа про боно. По таа анализа, ние распишавме повик за фирма за да направи нов проект – додаде Јаневска.