Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Јаневска: Наставниците ги ослободуваме од непотребни административни обврски, ќе имаат повеќе време да посветат на суштината на образовниот процес

Во време на забрзана дигитализација на образованието и воопшто на општеството, нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во време на забрзана дигитализација на образованието и воопшто на општеството, нема потреба наставниците да пополнуваат едни исти податоци на две различни места. Донесовме одлука отсега да не внесуваат описни оценки во главната книга, со оглед дека еднаш тие податоци се наведени во електронскиот дневник и одлуката е поздравена од 24 илјади наставници, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

„Административното работење ќе се одвива во дигитална форма и тоа е голем чекор во образовниот систем и во работeњето на наставниците, кои всушност тоа и го чекаа од нас како нова владина гарнитура. Ова можело да се сработи и досега, да се овозможи податоците електронски да се преземаат од е-дневникот, но не било сработено од претходните министри“, рече Јаневска.

На прашањето зошто се менуваат правилниците за ангажирање на образовни асистенти, посочи дека во државата постои недостиг на ваков кадар и затоа се проширува нормативот со звања со кои стручни лица можат да се пријавуваат на конкурсите.

Реклама

„Со измените на правилниците, за образовен асистент може да аплицира лице кое стекнало звање специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, социолог, семејнолог, наставник по одделенска настава, односно лице кое ги исполнува условите за наставник во одделенска настава и наставник по предметна настава со завршено образование и со стекнати најмалку 240 кредити или завршено најмалку високо образование со траење од четири години“, информираше Јневска.

Напомена и дека сите образовни аситенти пред да се вклучат во обрзовниот процес на учениците со попреченост, ќе посетуваат обуки и курсеви, кои како што посочи, во минатото ги немаше.