Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Македонија

Јаневска: Во 124 училишта од 1 септември ќе се учи во една смена, се прилагодуваат сите услови за доброто на децата

Сто дваесет и четири основни и средни училишта во Охрид,во Кавадарци и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сто дваесет и четири основни и средни училишта во Охрид,во Кавадарци и во други градови низ државава ги исполнуваат условите за воведувањеедносменска настава.Министерството за обрзование ќе ја искористи можноста  во периодот до почетокот на учебната година,да се подготват тие училишта и од први септември учениците наставата да ја следат во една смена.Во меѓувреме се вршат сериозни анализи,во догледно време со доградба на неколку училници да се овозможи едносменска настава во уште 50-тина други училишта.

 Ова ќе биде приоритет и ние развојно во неколку години ќе ги прилагодуваме сите училишта за таа настава која предвидува и промена во самиот начин на учење, подучување, ангажирање на наставниците и поголем престој на учениците во училиштата”- вели Весна Јаневска,министер за образование

Во меѓувремепоради намалениот број на ученици, дел од училиштата посебно во руралните средини ќе се затворат.Според Државниот завод за статистика ланската учебна година се затворени 14 основни училишта.Станува збор за училишта во кои учат по неколку дечиња и кои од централните училишта се оддалечни не повеќеод 5 км.Но колку и кои училишта ќе бидат затворени допрва ќе се одлучува,до 1-ви септември нити едно училиште нема да биде затворено бидејќи треба време да се обноват податоците,вели ресорната министерка.

Реклама

 Тоа ќе биде во голема корист на учениците но секако ќе има корист и државата.Тие училишта можат да се користат за градинка, за било што што и е потребно на општината .Ги спомнувам градинките оти имаме недостаток на градинки затоа спомнав може и за библиотека ,за некаков младински центар доколку има потреба”-вели Јаневска

Инаку националната комисија за учебници има нов состав, таа ќе биде клучен фактор во одобрување и обезбедивање на квалитетни учебници во основното и средно образование. Јаневска го истакна враќањето на историјата како посебен предмет во македонското образование затоа што историја е национален предмет со искучително значење.Таа потенцираше дека ќе се ревидираат учебниците по сите предмети,во прв ред историја, географија и македонски јазик.Револтот кај родителите е голем,децата велат посебно во лектирите читаат нешто што не доликува на нивната возраст.

-Точно има реакции на родители и на наставници, вели Јаневска,оваа година ги ставивме на јавна расправа наставните планови и програми оти има незадоволство и од квалитетот на учебниците и од содржините.Но тоа е процес кој не може да се направи во 2-3 месеци,сето тоа ќе биде направено во следната година до година и пол.

 Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски