Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Јанев на средба со директорот на КПД „Скопје“: Безбедноста на граѓаните бара системски пристап, навремена размена на информации и координирано дејствување

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев денеска имаше средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев денеска имаше средба со директорот на КПД „Скопје“, Оливер Станков, на која стана зборз за унапредување и продлабочување на институционалната соработка.

Како што беше речено, безбедноста на граѓаните бара системски пристап, навремена размена на информации и координирано дејствување на сите институции кои имаат улога во спречувањето и сузбивањето на криминалот.

Јанев нагласи дека фокусот ќе биде ставен на дополнително унапредување на моделот за размена на криминалистичко-разузнавачки информации, навремено препознавање на ризиците и спречување на криминалните активности да продолжуваат одвнатре кон надвор и обратно. Во таа насока, рече, заеднички ќе се работи на создавање поотпорен систем за рано предупредување и навремено реагирање, со јасна цел – поголема јавна безбедност и посигурно општество.

Реклама

Јанев и Станков на средбата посебен акцент ставија на Одделот за тренинг и едукација, преку кој дополнително треба да се подигнуваат знаењата, професионалните стандарди и оперативната подготвеност на припадниците на затворската полиција.

-Продолжуваме со конкретни чекори, со поглед кон иднината и со заедничка одговорност за безбедноста, напомена директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.