Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Јанев: Интегритетот на полициската служба е неприкосновен, полицијата подготвена да обезбеди демократски изборен процес без притисоци и закани

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев денеска во рамки на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев денеска во рамки на својата работна посета на ОВР Кичево, остварил средба со раководствата на Секторот за внатрешни работи Охрид и Регионалниот граничен центар Запад.

На средбата, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, биле разгледани последните случувања поврзани со инволвираност на полициски службеници од Кичево во случајот со грабежот во златара во Гостивар, како и општата безбедносна состојба, со особен фокус на општините каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори.

Директорот Јанев изразил благодарност до сите полициски службеници кои секојдневно ја извршуваат својата должност со интегритет, посветеност и висок професионализам, охрабрувајќи ги и понатаму да постапуваат чесно, одговорно и непристрасно, како клучен фактор во одржувањето на јавната безбедност и довербата на граѓаните во институциите.

Реклама

При тоа, тој јасно истакнал дека нема да има никаква толеранција кон незаконско или недозволено постапување. Потенцирал дека секој кој ќе се обиде да го наруши законот, интегритетот на службата или демократските правила, без разлика на функцијата или позицијата, ќе се соочи со брза, стручна и решителна полициска реакција.

Во пресрет на вториот изборен круг, било нагласено дека полициските службеници ќе бидат соодветно распоредени на сите избирачки места и на потенцијално ризичните локации. Нагласил дека во овој регион, како и долж граничниот појас, дополнително се засилуваат безбедносните мерки со современи технички средства, вклучително и воздушен мониторинг со дронови.

-Нашата мисија е јасна – да обезбедиме мирен, безбеден и демократски изборен процес, да ги заштитиме граѓаните, нивното право на слободно гласање и основните демократски вредности, истакнал директорот Јанев, додавајќи дека полицијата ќе ги преземе сите неопходни мерки за граѓаните да можат да гласаат без страв, без притисок и без закани.

На крајот, тој потенцирал дека полицијата останува партнер на граѓаните и еден од главните заштитници на безбедносните, правните и демократските вредности на државата.