Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Јахоски на прослава во Истанбул, добил времен пасош од судот-Кривичен го одбил, ама Апелација прифатила жалба

Скопска алепација со помош на Вишото обвинителство не само што му овозможи…

Сподели:

Скопска алепација со помош на Вишото обвинителство не само што му овозможи на Асмир Јахоски, сопственикот на Пуцко Петрол да не ја пропушти семејната прослава на Босфор во Истанбул, туку му дадоа привремен важечки пасош за шест месеци.

Алфа од свои извори во Кривичниот суд дознава дека Јахоски пред десетина дена побарал од кривичните судии да му го одобрат барањето за вадење на привремен пасош. Откако скопска единица го одбила, тој се жалел пред Апелација. И така со позитивно мислиење на Вишото обвинителство, Апелација донела решение, Асмир да може да излегува надвор од државата, во наредните шест месеци.

Апелација со контра одговор на овие информации, ја префлри топката. Кратко ни напишаа: Кривичниот суд бил надлежен за спроведување на мерките. Притоа, во одговорот си премолчија дека тие неодамна одлучувале за привременеиот пасош на Јахоски.

Реклама

„Ве известуваме дека Апелациониот суд Скопје не ги спроведува мерките на претпазливост заради што, за одговор на вака поставеното прашање обратете се до надлежен Основниот кривичен суд Скопје“, велат од Апелационен суд Скопје.

Сепак, Асмир Јахоски од Босфор долетал во Скопје и изутрината се пријавил кај одговорното лице во Кривичниот суд. Претходно, Кривичниот суд одби, но Апелација му ја прифати гаранцијата на Јахоски од речиси 2 милиони евра, за да излезе од притвор.

Тој заедно со бизнисменот Ратко Капушевски и уште 11 луѓе се осомничени дека преку злоупотреби на набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино го оштетиле државниот буџет за неверојатни 167 милиони евра.

Според информациите, обвинителството води и друга истрага за квалитетот на мазутот поради еколошко загадување и труењето на воздухот. Осомничен во случајот е и екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски кој е недостапен за органите на прогон.