Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Извештајот за починатата родилка од Делчево ќе биде објавен следната недела

Во текот на наредната недела ќе биде објавен извештајот од стручната Комисија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на наредната недела ќе биде објавен извештајот од стручната Комисија која ја формираше министерот за здравство за случајот со 26годишната родилка од Делчево која на 26декември почина на КАРИЛ во Скопје, најави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити. Комисијата која е формирана по препорака на Државниот санитарен инспекторат треба да го разгледа лекувањето на родилката, но и да утврди дали се направени било какви пропусти од страна на медицинскиот персонал.

Претходно интерна Комисија за контрола на квалитет и етички прашања при штипската Болница изврши надзор, при што констатирале дека нема пропусти во третманот на пациентката. Ден подоцна на терен излезе и санитарен инспектор кој даде препорака министерот да формира стручна комисија за детално да го разгледа случајот..

 Од увидот во медицинската документација санитарниот инспектор констатирал дека жената била во 39 недела од бременоста и четири дена по креирањето на упатот за следење на нормална бременост до породување се јавила во Клиничката болница во Штип. Утврдено и било намалување на плодовата вода, а откако колабирала при сместувањето веднаш и бил извршен итен царски рез. По породувањето лекарите продолжиле со интервенција во стомакот при што констатирале дека обилното крварење доага од крвен сад во близина на слезината. Пациентката запага во шокова состојба, па повторно хируршки се интервенира со вадење на слезината. Откако состојбата и понатаму продолжила да и се влошува, конзилиум од лекари одлучува родилката да ја хоспитализират на Карил каде во вечерните часови и починала.

Реклама

    Бебето на 26годишната родилка кое неколку дена беше на Детска клиника, веќе е дома. 

Александра Ристевска