Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Свет

Израел го обвини Хамас дека ги користи болниците како воен инструмент, милитантите понудиле ослободување на 50 заложници

Израелската армија тврди дека има конкретни докази за тоа дека „Хамас ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Израелската армија тврди дека има конкретни докази за тоа дека „Хамас ги користи болниците во Газа како „инструмент за војна“.Портпаролот Даниел Хагари соопшти дека милитантите држеле заложници во детската болница во Газа.

„Под болницата, во подрумот, најдовме команден и контролен центар на Хамас, елеци за самоубиствени бомби, гранати, автомати, експлозивни направи, и друго оружје. Има знаци кои укажуваат дека Хамас овде држел заложници. Ова е под наша истрага, но имаме и разузнавачки информации кои го потврдуваат тоа. Последнава недела правевме напори за безбедна евакуација на пациентите“, истакна Хагари.

СЗО ја спореди болницата со гробишта

Реклама

Светската здравствена организација соопшти дека болницата Ал-Шифа, речиси е претворена во гробишта бидејќи околу комплексот има тела кои не можат да се однесат во мртовечници или да се закопаат. Директорот на болницата Мохамед Абу Селмија, пак, тврди дека израелските власти се уште не дале дозвола телата на починатите да ги транспортираат за погреб. Најмалку 32 пациенти, вклучително и три предвремено родени бебиња, починале во изминатите три дена.

Бајден повика за внимателност и заштита на болницата во Газа

Американскиот претседател Џо Бајден го повика Израел да ја заштити главната болница во Газа.

„Не се двоумев да ја изразам мојата загриженост за она што се случува, надеж и очекување дека ќе има помалку нападни активности во однос на болницата. Болницата мора да биде заштитена“, порача Бајден.

Хамас понудиле ослободување на 50 заложници во петдневно примирје

Во меѓувреме, Хамас соопшти дека би можеле да ослободат 50 жени и деца во претдневно примирје под услов прекин на огнот и влез на хуманитарна помош за целиот Појас.

„Ги информиравме посредниците дека во петдневно примирје можеме да ослободиме 50 жени и деца и оваа бројка може и да се зголеми на 70, имајќи предвид дека ги држат повеќе фракции – но под услов ова примирје да вклучува прекин на огнот и овозможува влез на помош и хуманитарна помош за целиот наш народ низ Појасот Газа. Сепак, непријателот продолжува да одолговлекува и избегнува да го исполни својот дел, игнорирајќи ги не само животите на палестинските цивили, туку и фактот дека тие всушност ги убиваат сопствените заложници“, истакна Абу Обеида, воен портпарол на Хамас

Според последните информации на Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, најмалку 11.240 Палестинци се убиени, вклучувајќи 4. 630 деца и 3.130 жени во Газа од страна на израелската војска од 7 октомври.