Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Прилози

Израел го нападна Иран

На повидок нова војна на Блискиот Исток. Израел го нападна Иран со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На повидок нова војна на Блискиот Исток. Израел го нападна Иран со над 200 борбени авиони, убивајќи високи воени началници и команданти, еден од нив е и Мохамед Багери, началник на Генералштабот на иранските вооружени сили кој важеше за највисок воен авторитет во земјата. Напаѓани биле локации поврзани со иранската нуклеарна програма, вели израелскиот премиер Нетанјаху.

„Удривме во срцето на иранската програма за нуклеарно оружје. Нападнавме го главниот објект за збогатување на ураниум во Натанц. Ги нападнавме водечките нуклеарни научници во Иран кои работат на иранската бомба. Исто така, нападнавме во срцето на иранската програма за балистички ракети“ вели Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел

Иран лансираше 100 беспилотни летала како одговор кон Израел по што израелските власти веднаш прогласија вонредна состојба на целата територија, соопшти израелската војска.

Реклама

„Израел има право и обврска да дејствува за да го заштити својот народ и ќе продолжи да го прави тоа. Израелските одбранбени сили спроведоа значајни подготовки за оваа операција. Добро сме подготвени и во одбрана и во напад за да се одбраниме“ вели Ефи Дефрин, портпарол на израелската армија

Кина соопшти дека е длабоко загрижена поради израелските напади врз Иран, нудејќи помош за ублажување на тензиите.

„Ненадејната ескалација на регионалната ситуација не им служи на интересите на ниту една страна. Кинеската страна ги повикува релевантните страни да преземат мерки што го промовираат регионалниот мир и стабилност и да избегнат понатамошно ескалирање на тензиите. Кинеската страна е подготвена да игра конструктивна улога во ублажувањето на ситуацијата“ вели Лин Џиан, портпарол на министерството за надворешни работи на Кина

Шефот на НАТО, Марк Руте вели дека иако Алијансата се фокусира на евроатлантските односи, сојузниците се насочени кон деескалација на тензиите меѓу Израел и Иран.

„Сојузниците во НАТО навистина се справуваат со оваа криза, сите се фокусирани на нејзино деескалирање. НАТО не е вклучен како алијанса бидејќи навистина се фокусира на евроатлантските односи, но очигледно сојузниците се многу вклучени за да се осигурат дека конфликтот ќе се деескалира што е можно поскоро“ вели Марк Руте, генерален секретар на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика израелските власти да не ги напаѓаат нуклеарните постројки на Иран, предупредувајќи дека овој потег би можел да предизвика масовен конфликт.

„Би сакал да го избегнам конфликтот. Иран ќе мора да преговара малку построго, што значи дека ќе мора да ни дадат некои работи што не се подготвени да ни ги дадат во моментов“ вели Доналд Трамп, претседател на САД

Огромен хаос има и по аеродромите. Летовите низ Блискиот исток се откажани или одложени, а патниците во Ирак, Јордан, Либан и Дубаи се заглавени на аеродромите.

Давид Крстевски