Реклама

Едни со други, наместо едни покрај други: Млади од регионот дебатираа како против предрасудите и бариерите

Молкот се крши – повеќе пријави за семејно насилство, посилни мерки за заштита

„Безбеден град“ ги откри најслабите точки на возачите, брзото возење убедливо на врвот

1.500 нови боди камери за полицијата – пренос во живо од секоја акција и директна врска со командниот центар

Патиштата се проодни по првиот снег, следува силен студ со температури под нулата

Вонреден состанок на градежниците: Се бараат практични решенија за владиниот план за поевтини станови за млади

Штипско Ново Село ќе прерасне во музеј на отворено

Македонскиот игран филм „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, ја освои наградата за најдобра режија на 15. издание на – BaNeFF 2026 во Стокхлом

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Свет

Излезни анкети: Десничарскиот блок победник на изборите во Шпанија, Санчез ја губи власта

Централно-десничарската Народна партија (ПП) на Алберто Нуњез Феихо ќе има најмногу пратенички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Централно-десничарската Народна партија (ПП) на Алберто Нуњез Феихо ќе има најмногу пратенички места и заедно со крајнодесничарската Вокс би можеле да освојат апсолутно мнозинство во парламентот, покажуваат резултатите од излезните анкети од денешените предвремени парламентарни избори во Шпанија.

Според податоците што ги објави шпанскиот јавен тв сервис РТВЕ, ПП би освоила 32,2 отсто од гласовите што значи од 129 до 134 пратенички места, плус два мандата од нејзиниот сојузник УПН, додека Вокс би имала 16,2 отсто од гласовите односно од 44 до 48 пратеници. 

Заедно десничарската коалиција би имала меѓу 175 и 184 пратеници, над прагот од 176 места потребни за апсолутно мнозинство во Конгресот на пратениците.

Реклама

Според проценките на анкетата, математички е малку веројатно десничарскиот блок да остане под прагот за апсолутно мнозинство.

Шпанската Социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на премиерот Педро Санчез е втора со 28,8 отсто од гласовите, што е за три процентни поени помалку во споредба со изборите во 2023 година. Социјалистите ќе освојат меѓу 119 и 124 пратенички места, резултат близок до 121 мандат што го освоија на претходните избори.

Растот на десничарскиот блок, кој би освоил речиси 49 отсто од гласовите, би ги спречил социјалистите повторно да обезбедат поддршка од другите партии за формирање влада и реизбор на Санчез за премиер.

Доколку кон ПСОЕ се додадат и останатите политички формации, со исклучок на каталонската партија Јунтс, опозицискиот блок би имал меѓу 159 и 169 пратеници, што не е доволно за мнозинство.

Право да гласаат на изборите во Шпанија имаа  38,7 милиони граѓани. Се гласаше за 350 пратенички места во Конгресот на пратениците (долниот дом на парламентот), како и за 208 од 266 членови на Сенатот.

Преговорите за владејачката коалиција немаат рок, но новата влада мора да се формира во рок од два месеца од тоа гласање за да се избегнат нови избори.