Реклама

Едни со други, наместо едни покрај други: Млади од регионот дебатираа како против предрасудите и бариерите

Молкот се крши – повеќе пријави за семејно насилство, посилни мерки за заштита

„Безбеден град“ ги откри најслабите точки на возачите, брзото возење убедливо на врвот

1.500 нови боди камери за полицијата – пренос во живо од секоја акција и директна врска со командниот центар

Патиштата се проодни по првиот снег, следува силен студ со температури под нулата

Вонреден состанок на градежниците: Се бараат практични решенија за владиниот план за поевтини станови за млади

Штипско Ново Село ќе прерасне во музеј на отворено

Македонскиот игран филм „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, ја освои наградата за најдобра режија на 15. издание на – BaNeFF 2026 во Стокхлом

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Прилози

Молкот се крши – повеќе пријави за семејно насилство, посилни мерки за заштита

Семејното насилство не запира, а бројот на пријави во Охрид расте. За…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Семејното насилство не запира, а бројот на пријави во Охрид расте. За само десет месеци годинава полицијата регистрирала 67 случаи, повеќе од двојно во споредба со истиот период лани, кога имало 30. Расте и бројот на сторителите – од 36 лани на 55 годинава. Зад овие бројки стојат семејства во кои насилството станува реалност, а стравот и заканите често ја замолчуваат жртвата. Тоа што институциите се соочуваат со сѐ поголем број пријави покажува дека семејното насилство станува сериозен општествен проблем.

„Од оние пријави кои во текот на годината се добиваат и се пријавуваат кај нас, меѓусебната нетрпеливост, финансиските проблеми, дејство под алкохол и психотропни супстанции се регистрирани како едни од доминантните фактори кои ги мотивираат или се причина кај сторителите да го сторат семејното насилство. Но, она што е исто така важно е дека СВР Охрид има посебен полициски тим кој е фокусиран исклучиво на решавање на овој проблем“, вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Насилството зад затворени врати не може да се спречи само со полициска интервенција. Потребни се институции кои ќе реагираат навреме, но и жртви кои нема да останат сами пред заканите и стравот. Дека насилството не е само статистика, туку сурова реалност, говори и последниот случај со 19-годишна жена која била нападната од невенчаниот сопруг и неговите родители.

Реклама

Изјава – Стефан Димоски – портпарол на СВР Охрид

„Се разбира дека стереотипите сѐ уште се присутни, но самиот број на пријавени дела, како што напоменавме, е зголемен. Значи дека жртвите на семејното насилство сѐ повеќе се охрабрени да го пријавуваат семејното насилство. Круцијална е соработката со сите инстанци, пред сѐ со Јавното обвинителство, со Центарот за социјални работи, со образовните центри, со невладините организации. Тоа значи мобилизирање на целото општество“, вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Токму потребата од побрза реакција и поефикасна заштита е во фокусот и на најавените законски измени. Тие предвидуваат построги механизми за отстранување на сторителот од домот, итна полициска наредба во траење од 48 часа, со можност судот да ја продолжи мерката до 30 дена, како и електронски нараквици за надзор. Пакетот опфаќа осум закони, со кои се предвидува подобра координација меѓу полицијата, судовите и социјалните служби, видеоповици со МВР и 24-часовни судски дежурства за итно изрекување мерки.

Инаку, во вторник треба да продолжи судската постапка за случајот со 26-годишната Сара, која беше брутално претепана од Христијан Корабоски. Процесот сѐ уште не е започнат, откако првото рочиште беше одложено по барањето на одбраната за изземање на сите обвинители од Охридското ОЈО и претседателот на судот. Корабоски беше внесен од задниот службен влез и сместен во притвореничката соба во судот, наводно од безбедносни причини. Тој воопшто не се појави во судницата, а обвинителната клупа остана празна.