Реклама

„Безбеден град“ ги откри најслабите точки на возачите, брзото возење убедливо на врвот

1.500 нови боди камери за полицијата – пренос во живо од секоја акција и директна врска со командниот центар

Патиштата се проодни по првиот снег, следува силен студ со температури под нулата

Вонреден состанок на градежниците: Се бараат практични решенија за владиниот план за поевтини станови за млади

Штипско Ново Село ќе прерасне во музеј на отворено

Македонскиот игран филм „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, ја освои наградата за најдобра режија на 15. издание на – BaNeFF 2026 во Стокхлом

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Прилози

„Безбеден град“ ги откри најслабите точки на возачите, брзото возење убедливо на врвот

Не ги почитуваат знаците за брзина, ниту црвеното светло, а не си…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не ги почитуваат знаците за брзина, ниту црвеното светло, а не си ги обновуваат ни документите. Овие прекршоци најмногу ги чинат македонските возачи. Бројките на „Безбеден град “ откриваат дека од моментот кога системот почна да пишува казни до сега регистрирани се над 450 илјади прекршоци а дури 96 проценти од нив се за брзо возење.

„Од 02 февруари до 18 ноември 2026 година, регистрирани се 450.361 прекршоци, од кои над 96% се однесуваат за брзо возење-434.185, по што следуваат 9.835 прекршок за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола и 6.341 прекршок за минување на затворен сигнал-црвено светло.“ – вели Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

На врвот на листата според бројот на прекршоци се најде Коридорот 10, каде што се евидентирани дури 236.503 прекршоци. Веднаш зад него е Скопје со 135.393, додека на третата позиција е Коридорот 8 со 60.006 прекршоци. Кога станува збор за градовите, по Скопје следува Куманово со 6.892 прекршоци, потоа Охрид со 4.267, Тетово со 3.938, а листата ја заокружува Велес со 2.948 прекршоци.

Реклама

Откако „Сејф Сити“ лови несовесни возачи, речиси 12,300 возачи им било забрането да управуваат со возилото на одреден период.

„Од нив 6.257 се за „минување на затворен сигнал-црвено светло“, 6.041 се за „управување на возило со брзина поголема од дозволената“, од кои 3.533 се за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 1.440 се за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место и 1.068 се за брзина поголема од 10 км на час – сопствено ограничување на возило.“ – велат од МВР.

Правилата во сообраќајот не ги прекршуваат само домашните возачи. Во  вкупниот број прекршоци со малку над 15 проценти учествуваат  странските возачи. Од 19 август до 18 ноември евидентирани се 71.804 прекршоци направени од возила со странски регистрации.

Следува и проширување на системот и во другите градови. Од наредниот месец во Струмица ќе започнат да функционираат паметните камери, а потоа и во Штип. Последна станица е Битола. Од декември, граѓаните кои ќе направат прекршок, ќе можат да си го платат преку мобилна апликација.

Во меѓувреме „Сејф Сити“ ќе добие и проширување во откривањето на прекршителите. Онаму каде што нема камери, прекршоците ќе се ловат со „подвижни радари“ во  автомобилите и директно ќе бидат поврзани со централата на системот.