Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Свет

Изјавите на Трамп за строга контрола на имиграцијата како да паднаа во втор план

Во својата претседателска кампања, Доналд Трамп вети построги мерки на границата, вклучувајќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во својата претседателска кампања, Доналд Трамп вети построги мерки на границата, вклучувајќи притвор и депортација на недокументираните имигранти.

„Ќе завршиме со најголемата депортација во американската историја. Немаме избор, немаме избор... Немаме избор бидејќи тоа не е одржливо за ниту една земја“

Можните планови на Трамп вклучуваат проширени објекти за притвор и враќање на политиката „Остани во Мексико“ со која се бара од мигрантите да останат во Мексико за време на имиграциските постапки во САД. Одговорниот за границата Том Хоман, вели дека построгото спроведување ќе се фокусира на подобрување на јавната и националната безбедност.

Реклама

„На крајот на најголемата илегална имиграциска криза што некогаш сме ја виделе во оваа нација, мора да има масовна операција за депортација“

Некои експерти за имиграција велат дека масовните депортации ќе ја ослабат јавната безбедност со тоа што ќе ги натера имигрантите да не пријавуваат злосторства.

„Поверојатно е имигрантите отколку државјаните на САД да пријават злосторства во полиција. Но, студиите покажуваат дека кога неселективното спроведување се зголемува во одредена област и ја намалува и онака високата стапка на пријавување криминал или високата стапка на пријавување криминал меѓу имигрантите“

Ако имигрантите немаа криминални досиеја, демократската и републиканската администрација генерално ги ослободуваа додека чекаа сослушувања за имиграција. Тоа може да заврши со новата администрација што доаѓа, која размислува за задолжителен притвор.

„Да бев законски постојан жител, носител на зелена карта, сега сигурно ќе ја носев зелената карта со мене“.

Претставниците на Трамп тврдат дека овие мерки ќе ги одвратат криминалците. Но, Биер вели дека тоа не се случило минатиот пат.

„Масовната депортација ќе ги одземе приоритетите на сериозните престапници. Кога последен пат дојде администрацијата на Трамп, тие ги укинаа сите барања за да се фокусираат на сериозните престапници, и како резултат на тоа, не изненадувачки, Ајс го удвои бројот на апсења на не-криминалци“.

Во меѓувреме, вели тој, тројно се зголемил бројот на откриени криминалци кои се обиделе да ја преминат границата.

Трамп вели дека ќе дејствува во врска со имиграцијата уште на првиот ден од неговото претседателствување, 20-ти јануари.

Околу 11 милиони имигранти без документи живееле во САД заклучно со 2022 година. Дополнителни 2,3 милиони имигранти беа пуштени во Соединетите Американски Држави помеѓу јануари 2023 и април 2024 година, кои исто така ќе бидат цел на операција за масовна депортација, која ја најави Трамп.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка- Вашингтон