Изградбата на катна гаража во Охрид стана научна фантастика, оти според министерката за култура која е и претседател на Националната комисија на Унеско,тоа не било објект од јавен интерес-иако туристичкиот центар соочен со сообраќаен хаос и блокирани улици,при секој налет на гости лете-зима, буквално не функционира.
“За градба од јавен интерес имаше прогласено катна гаража, од јавен интерес градби се училишта, градинки, спортски терени, меѓутоа катна гаража баш не е.Тоа беше ваљда за да се продолжи со изградбата на катната гаража, меѓутоа општина Охрид си продолжи” –цени Бисера Костадиноска Стојческа,министер за култура
На почетокот на ланската година се одржа јавна дискусија на која беа присутни претставници на сите релевантни институции и кога по извршената стручна контрола проектот доби позитивно мислење од охридскиот Завод и музеј, Националната комисија на Унеско, повторно ја оспори градбата на катна гаража.

“Да кажиш дека нешто не е од јавен интерес, а тоа 30 години се разговара во градот,мислам дека е дегутантно.Уште подегутанен е одговорот и покрај постапувањето по забелешките,промената и постапувањето по секоја забелешка и постапувањето онака како што тие побарале од нас, зборувам за стручниот тим на министерството за култура, ние сепак не моежеме да добиеме одобрение за катната гаража” – вели Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид
Костадиноска Стојческа се пофали дека Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион за прв пат профунционирала во 2019-та година,ама не кажа што работи истата и зошто нема покренато ниту една иницијатива и инспекциски надозор во Охридскиот Регион.Неа ја мачат урбанистичките планови.
“Како ги носат своите детални планови, дали воопшто ги праќаат на што ние постојано реагираме како министерство за култура, како управа и како комисија која што е задолжена да одлучува по тие предмети, тие немаат пратено нити еден детален урбанистички план до таа комисија”-вели Костадова Стојческа.
“Време е да ја поставиме министерката, за министерка за транспорт и врски. Урбанистички планови се доставуваат таму каде што е потребно”- изјави Пецаков
Националата комисија го кочи донесувањето на законот за легализација на бесправно изградени објекти кој повторно е повлечен од собраниска процедура.Владата пак,пред 4 месеци донесе одлука за ограничување и уривање на градби во охридско-струшкиот регион,но не е срушен нити еден објект.
Росица Голабоска
