Реклама

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Македонија

Иван Мицевски, Жарко Михајловски и Филип Стоилковски најсреќни на Водици во Општина Карбинци

Во Општина Карбинци од  утринава големиот православен празник Богојавление-Водици се чествува на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Карбинци од  утринава големиот православен празник Богојавление-Водици се чествува на три локации. Водите во реките кои поминуваат низ оваа мала рурална општина се осветуваа во селата Карбинци, Долни Балван и Таринци. Иван Мицевски во село Карбинци го фати светиот крст во водите на реката Брегалница, кои беа осветени во Општина Карбинци. Тој вели дека првпат успеал да го извади светиот крст од осветените води, а досега се обидувал седум пати и учествувал во свечената церемонија по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици. 

-Седма година се фрлам по крстот и еве денеска го фатив, вели Мицевски. 

Тој низ насмевка вели дека оваа година посакува да се ожени. Жарко Михајловски пак беше најбрз и го извади светиот крст од осветените води во реката Брегалница, кој беше положен од мостот кој ги поврзува жителите на селото со останатите населени места во општината.

Реклама

-Досега светиот крст го фаќам по вторпат и сакам да посакам љубов, слога и верба во Бога. За многу години нека е, да сме живи и здрави. Бог се јави рече Михајловски. 

Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов и свештени лица од Брегалничката епархија им врачија пригодни подароци. Градоначалникот на Општина Карбинци, Паунов на своите сограѓани им го честитатше празникот со Бој се јави-Навистина се јави. Посака здравје, среќа и бериќет на сите. 

-Да ги празнуваме празниците пред се во духот на традицијата, во добро здравје и нека сме сплотени и понатаму за да продолжиме да ги чествуваме овие важни празници за христијанството и за нашиот македонски народ, рече Паунов. 

Во селото Таринци светиот крст го фати 16 годишниот Филип Стоилковски.