Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Свет

Италијанка загина во голем пожар во луксузен ресорт во Доминиканска Република, евакуирани речиси 1.700 туристи

Во пожарот во хотелот Viva Wyndham Dominicus Beach загина 46-годишна Италијанка, а причините за избувнувањето сè уште се истражуваат. Една жена загина, а речиси 1.700 туристи беа евакуирани по голем пожар во луксузен хотелски ресорт на плажа во Бајахибе, Доминиканска Република, соопштија локалните власти. Жртвата е идентификувана како 46-годишната Италијанка Франческа Валентино, која загинала во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пожарот во хотелот Viva Wyndham Dominicus Beach загина 46-годишна Италијанка, а причините за избувнувањето сè уште се истражуваат.

Една жена загина, а речиси 1.700 туристи беа евакуирани по голем пожар во луксузен хотелски ресорт на плажа во Бајахибе, Доминиканска Република, соопштија локалните власти.

Жртвата е идентификувана како 46-годишната Италијанка Франческа Валентино, која загинала во пожарот во хотелот Viva Wyndham Dominicus Beach, според службата за итна помош DAEH.

Реклама

Три лица биле пренесени во болница, а уште шестмина добиле медицинска помош на лице место. Меѓу погодените имало гости, посетители и членови на спасувачките екипи.

Пожарот избувнал во популарната туристичка зона Бајахибе, на карипскиот брег на Доминиканската Република. Локалните медиуми објавија снимки на кои се гледа густ чад над крајбрежјето, додека огнот зафатил делови од кровната конструкција на ресортот.

Од Центарот за итни операции соопштија дека првичните процени покажуваат оти пожарот брзо се проширил поради запаливи делови од покривните конструкции направени од палмини листови, како и поради ветерот.

Пожарот е ставен под контрола, но причините за неговото избувнување сè уште се истражуваат. Евакуираните гости биле преместени во блиски хотели и сместувачки капацитети.

Од властите информираа дека соседниот Viva Wyndham Dominicus Palace, кој е дел од истата хотелска група, не претрпел штета. Туристичките активности во Бајахибе и околината, според Центарот за итни операции, продолжуваат да се одвиваат без прекин.

Доминиканската Република е една од најпосетуваните туристички дестинации на Карибите, позната по плажите со бел песок и бистрата вода. Во првите пет месеци од годинава земјата ја посетиле околу 5,6 милиони туристи.