Реклама

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Македонија

Истражување: Секој втор возрасен во земјата пуши, месечно троши речиси 4.800 денари за цигари

Секој втор возрасен граѓанин во земјата пуши, а доколку се земат предвид…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секој втор возрасен граѓанин во земјата пуши, а доколку се земат предвид и новите никотински и тутунски производи, распространетоста на употребата достигнува 54 проценти. И покрај многуте кампањи и апели за откажување од пушењето, бројот на секојдневни пушачи и интензитетот на пушење се зголемуваат, а цигарите стануваат сè подостапни во однос на куповната моќ на населението.

Ова го покажуваат резултатите од националното истражување на „Аналитика“ спроведено оваа година на примерок од 1.065 возрасни лица, кое беше презентирано денеска на националната конференција „Од податоци до политики: Како да ја намалиме цената на пушењето?“, во организација на „Аналитика тинк-тенк“, во соработка со Светската здравствена организација. 

Истражувањето покажува дека во споредба со 2020 година е зголемен интензитетот на пушење, при што повеќе од една четвртина од пушачите пушат над 20 цигари дневно, а речиси 40 проценти од 10 до 20 цигари. Загрижува и нискиот процент на обиди за откажување, а цигарите станале подостапни поради побавниот раст на нивните цени во однос на платите,и покрај тоа што пушачите месечно трошат речиси 4.800 денари за цигари.

Реклама

Учесниците на конференцијата посочија дека пушењето не е само здравствен проблем, туку и значителен економски товар за семејствата и државата поради што е неопходна координирана примена на законски, даночни, здравствени и превентивни мерки. Настанот го отвори министерот за здравство Сашо Клековски, кој истакна дека прашањето за пушењето треба да се разгледува и преку достапноста на цигарите, односно преку цената што ја плаќаат пушачите, но и целото општество.

Претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во Северна Македонија, д-р Аким Али, оцени дека доказите за штетноста на пушењето се недвосмислени посочувајќи дека употребата на тутун е поврзана со рак, срцеви и мозочни удари и респираторни заболувања.

Тој нагласи дека последиците се особено загрижувачки кај младите бидејќи пушењето влијае врз нивниот раст и развој, но и врз долгорочната благосостојба на семејствата.

Според Али, проблемот не се ограничува само на здравствениот сектор, туку предизвикува и големи економски загуби, ја намалува продуктивноста и одзема човечки животи.

Тој направи споредба меѓу приходите од оданочувањето на тутунот и трошоците што ги предизвикува пушењето посочувајќи дека годишните приходи за државата се проценуваат на 11 до 18 милијарди денари, а трошоците од последиците надминуваат 38 милијарди денари.

– Кога ќе ја направиме пресметката, трошоците се многу поголеми од приходите што ги остваруваме од пушењето – рече Али.

Тој предупреди дека без навремени мерки земјата ризикува да создаде генерација зависници од тутун, особено поради сè поголемата употреба на новите тутунски и никотински производи меѓу адолесцентите.

Али ги повика пратениците да го придвижат и усвојат законското решение нагласувајќи дека пушењето не им штети само на оние што пушат, туку и на целото општество преку пасивното пушење.

Посочи дека шест од десет лица при излегување во ресторани, на пијалак или при дружење се изложени на тутунски чад, што претставува сериозен ризик и за непушачите.

Како најефикасни мерки во борбата против пушењето претставникот на СЗО ги посочи зголемувањето на акцизите и цените на тутунските производи, заштитата на непушачите од изложеност на чад, обезбедувањето стручна помош за откажување од пушењето и посебната заштита на младите.

– Тутунот треба да стане ценовно недостапен за луѓето. Младите и оние што веќе користат тутун треба да застанат и да размислат пред да посегнат по парите во џебот за да купат тутун – рече Али.

Тој нагласи дека пушењето не е прашање на животен стил, туку зависност, поради што државата треба да обезбеди услуги и поддршка за оние што сакаат да се откажат. СЗО, како што информира, веќе соработува со центрите за јавно здравје во Битола и Прилеп за развивање вакви услуги, со можност за нивно проширување и во други делови од земјата.

Програмската директорка на „Аналитика“, Тамара Мијевиќ-Спасова, презентирајќи ги резултатите од истражувањето спроведено врз 1.065 граѓани, истакна дека распространетоста на пушењето меѓу полнолетното население изнесува 50 проценти, а кога ќе се вклучат и производите со загреан тутун и електронските цигари, достигнува 54 проценти.

Во споредба со првиот бран на истражувањето од 2020 година, зголемено е секојдневното пушење, односно интензитетот на употребата и потрошувачката на цигари.

Според податоците, повеќе од една четвртина од граѓаните пушат над 20 цигари дневно и спаѓаат во категоријата тешки пушачи, а речиси 40 проценти од пушачите пушат од 10 до 20 цигари дневно, што дополнително го зголемува ризикот од здравствени заболувања.

Мијевиќ-Спасова посочи дека загрижувачки се и резултатите во однос на откажувањето од пушењето. Само 10 проценти од граѓаните се обиделе да се откажат, а најдолгиот период на апстиненција во просек изнесувал два и пол месеци.

Како најчести мотиви за откажување испитаниците ги навеле цената на цигарите, што ја посочиле 47 проценти од нив, и советот од лекар, наведен од речиси 36 проценти.

Таа оцени дека овој податок е особено важен за здравствените власти бидејќи покажува дека примарната здравствена заштита и советите од лекарите може да имаат значајна улога во поддршката на граѓаните што сакаат да престанат да пушат.

Истражувањето покажува и економски парадокс во однос на достапноста на цигарите. Додека реалниот раст на платите во анализираниот период изнесува речиси 36 проценти, цените на цигарите пораснале за само 8,8 проценти. Тоа значи дека цигарите станале подостапни во однос на просечната плата.

Сепак, месечниот трошок за цигари од пушач изнесува приближно 4.800 денари, што на годишно ниво претставува сума поголема од една просечна месечна плата.

Позитивен показател, според Мијевиќ-Спасова, е високата поддршка на јавноста за законските мерки. Дури 90,3 проценти од анкетираните биле запознаени со новиот закон за забрана на пушењето, а 83,6 проценти поддржуваат забрана за пушење во возила во кои се превезуваат малолетници. Забраната за онлајн рекламирање, особено на новите никотински и тутунски производи, ја поддржуваат 60 проценти, а 40 проценти се изјасниле за забрана на пушењето во јавните простории.

Таа оцени дека постои значителна поддршка од граѓаните за спроведување на законот и повика неговото усвојување да не се одложува.

Д-р Борче Треновски од Економскиот факултет при УКИМ посочи дека пушењето има сериозни последици врз животниот стандард, домашните буџети и здравствената состојба на граѓаните, но и врз економските и фискалните показатели на државата.

Тој презентира податоци според кои домаќинствата во кои има пушач трошат речиси 48 денари од секои 100 денари наменети за храна, а домаќинствата без пушач трошат приближно 58 денари. Тоа, како што објасни, значи дека домаќинствата без пушач издвојуваат околу 10 проценти повеќе средства за храна.

Треновски нагласи дека кај посиромашните семејства трошоците за цигари истиснуваат значителен дел од средствата наменети за домување и здравје, а кај поимотните домаќинства се намалуваат средствата за рекреација и други активности.

Според неговите процени, доколку во едно домаќинство има еден пушач, околу една петтина од неговата минимална месечна плата се троши за цигари. Кај 20 проценти од најсиромашните домаќинства, во кои има двајца пушачи, за цигари се издвојуваат речиси 30 проценти од годишниот доход.

Тој посочи дека во последните шест години реалниот раст на платите изнесува речиси 30 проценти, а цените на цигарите пораснале за приближно осум проценти, што дополнително ја зголемило нивната достапност.

Според Треновски, зголемувањето на цените може да има значителен ефект врз намалувањето на бројот на пушачи, особено кај посиромашните слоеви од населението. Тој процени дека со зголемување на цената и намалување на достапноста бројот на пушачи во овие категории може да се намали за осум до девет проценти, а годишно од шест до осум илјади млади луѓе би можеле да не почнат со пушење.

Осврнувајќи се на фискалните ефекти, Треновски рече дека директните здравствени трошоци за лекување на последиците од пушењето се проценуваат на речиси 65 милиони евра годишно, а индиректните трошоци, поврзани со продуктивноста на трудот, паузите и загубите во домаќинствата, достигнуваат приближно 530 милиони евра.

– Светската банка процени дека трошоците поврзани со пушењето изнесуваат околу 600 милиони евра. Од друга страна, доколку акцизите се зголемат и се приближат до европскиот просек, државниот буџет би можел дополнително да добие од 100 до 110 милиони евра годишно – рече Треновски.

Тој оцени дека со зголемувањето на акцизите би се постигнал двоен ефект – намалување на бројот на пушачи и зголемување на буџетските приходи.

Според неговите процени, со ваквите мерки во период од пет години распространетоста на пушењето би можела да се намали за пет до шест процентни поени, од сегашните 50 на 44-45 проценти.

– Имаме добивка на двете страни. Ќе го заштитиме здравјето на граѓаните и ќе обезбедиме повеќе средства во државниот буџет – заклучи Треновски.