Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Истрагата за Вања започнува предоцна, тврди Мицкоски

„Многу брзо од денеска јавноста ќе ги знае сите детали за убиството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Многу брзо од денеска јавноста ќе ги знае сите детали за убиството на Вања. Има големи недостатоци во истрагата, која започнува предоцна. Имам сериозни информации за ова што го тврдам“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на гостување во емисијата „Интервју“ на ТВ Шења.

„Погледајте кога објавува ќерката на лицето кое е исчезнато со неговото возило, видете која е датата кога за жал малата Вања исчезнува и потоа видете кога почнува истрагата. Но тоа сега нема да го дискутираме тоа бидејќи како политичка парија а лично и јас бевме надвор од сето ова намерно за да не се создава впечаток како они што создаваа со децата од Смилковско и малата Тамара, затоа не се мешавме и воопшто да не влијаеме на процесот за да не бидеме лошо сфатени. Но, за месеци од денеска сето ова ќе биде изнесено на лице пред јавноста и ќе знаат луѓето што направиле овие луѓе. Тие информации што јас ги знам се сериозни“, кажа Мицкоски.

Запрашан за тоа зошто не се реагирало брзо, тој посочи дека ќе дојде денот кога и на ова прашање ќе дадат одговор, бидејќи сега е залуден одговорот.

Реклама

-Од Спасовски со месеци наназад баравме оставка, него му се случија криминалци белосветски да добиваат пасоши, него му се случија скандали како на никој министер за внатрешни работи во историјата на Македонија и него око не му трепна. Напротив тој со овој полусвет живееше, стимулираше и мислеше дека ако ја напаѓа опозицијата преку овој полусвет и мене лично и моето семејство дека на тој начин ќе обезбеди мир за себе, но нема да обезбеди мир додека сум јас жив. Нема да обезбедат мир сите овие кои се виновни за смртта на малата Вања“, заклучи Мицкоски.