Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Истрага Кочани: претреси во домот на сопственикот на дискотеката „Пулс“

Неколку лап топ компјутери, повеќе мобилни телефони и документи, поврзани со бизнисот…

Сподели:

Неколку лап топ компјутери, повеќе мобилни телефони и документи, поврзани со бизнисот на сопственикот на дискотеката Пулс, Дејан Јованов се новите докази на полицијата која ги собра откако влезе во неговиот дом, возилата и во кафулињата што ги поседува. Полицијата изврши претреси во кафе-барот „Класик“, а се испрашуваат и роднините на Јованов. Тој е осомничен за нелегално управување со дискотеката.

Тимови на МВР влегоа и во канцеларијата на Државниот пазарен иснпекторат во Кочани. Таму инспекторите одзеле компјутер, лап топ, таблет и документација поврзана со фирмите на газдата Јованов.

Полицијата чешла буквално се што поседува сопственикот на дискотеката Пулс, а се истражуваат и сите институции коишто издавале документи поврзани со работата на ноќниот клуб.   

Реклама

Во домот на Д.Ј. пронајдени и одземени се  лап топ компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети. Одредени предмети се одземени и од возилото и од угостителските објекти, а пронајдена и одземена е и финансиска документација, информира МВР.

Во полициска станица беа викнати сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката. Некои од медиумите објавија дека ќерката ја подигнала фалсификат лиценцата од Министерството за економија. На распит ќе бидат повеќе од 300 сведоци. Допрва ќе се прават вештачења од повеќе области.

Според доказите коишто полицијата ги собира од претресите, ќе се вештачи фалсификат лиценцата и потписите, финансиското работење на бизнисите на Јованов, како и елаборатите за објектте што биле издадени.

Обвинителскиот тим се засили со уште двајца обвинители. Сега единаесетмина истражуваат и даваат наредби за претреси и за вештачења. И Финансиска полиција ќе истражува како работеле фирмите на Јованов, а ќе ги истражува и останатите осомничени.

Досега осомничени се 34 луѓе. Во  истрагата опфатени се 27 луѓе и три фирми, а истражни постапки има и против седум полициски службеници од Штип и Кочани.

Кобниот пожар што се случи на 16 март, однесе 59 животи, а повеќе од 200 луѓе се повредени.