Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Историски договор- Платите на наставниците во наредните 4 години ќе пораснат за  46%

Повисоки плати за наставниците во основно и средно образовани. СОНК и Владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повисоки плати за наставниците во основно и средно образовани. СОНК и Владата се договорија за покачување од 5% веќе со октомвриската плата, но и за и за континуиран раст на платите во наредните 4 години за вкупно 46%. Првичното покачување од 5% ќе биде заклучно со февруарската плата, а потоа динамиката ќе засили. Во март наредната година ќе има зголемување од 7%. Во 2026 и 2027 година исто во март, договорот е зголемувањето да се вижи помеѓу 7,5% и 10%, за истиот период во 2028 година  процентот на раст да достигне од 10 до 12,5%. Премиерот Мицкоски вели дека парите се обезбедени бладодарение на домаќинското работење на Владата:

Заклучно со септември месец значи ако ги земеме јули, август и септември месеци имаме околу 85 милијарди приходи. Претходните 6 месеци односно првата половина е некаде околу 125 милијарди приходи отприлика што значи дека многу повеќе кога се работи домаќински кога се знае како се случуваат приходите во државната каса. / “Не сме алхемичари, ниту магионичари, парите ги најдовме од зголемената наплата од страна на Царината и Управата за јавни приходи. Очекуваме и раст на економијата во следниот период“, рече Мицкоски.

Синдикатот е задоволен од постигнатото , велат ова е успех во преговорите и во социјалниот дијалог. Договорено било најдоцна до февруари да се заврши и  потпише колективниот договор со што ќе се унапредат правата на образовниот кадар и ќе се одреддат коефициентите на сложеност на работните места каде што во моментов имало нејаснотии.

Реклама

Од СДСМ пак велат дека зголемувањето од 5 отсто наместо планираните 12 било обид за амортизација на незадоволството и манипулација да не се случи штрајк. Претходно од МОН обелоденија дека минатата власт оставила дупка во буџетот и требало да се обезбедат пари за тековни исплати на плати кои воопшто не биле испланирани.