Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Историски ден во Лондон: Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Република Македонија и на Обединетото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Република Македонија и на Обединетото Кралство, со кој земјава добива на располагање историски најголем обем на средства од пет милијарди фунти за реализација на капитални проекти, ќе биде потпишан денеска во Лондон.

Договорот ќе го потпишат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас, јави известувачот на МИА од Лондон.

Посетата на британската престолнина Николоски кој предводи владината делегација во која се и потпретседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, министерката за образование Весна Јаневска и директорот на ЈП за Железничка Инфраструктура Синиша Ивановски, официјално ја започна вчера со средба со претставници на Инструментот за поддршка на надворешното финансирање (УКЕФ) во британското Министерство за финансии.

Реклама

-Можам со задоволство да кажам дека овие пет милијарди фунти или шест милијарди евра по овој состанок и дефинитивно се ставени на располагање на Македонија. Може да се користат за проектно финансирање, врзани се со проекти, што значи дека ќе носат додадена вредност за Македонија, изјави Николоски по средбата.

Тој потсети дека станува збор за проекти во делот на транспортот, здравството, образованието, енергетиката, технологијата, како и во областа на животната средина. Досега е разговарано за три сета на проекти што се веќе потврдени – брзата пруга на Коридор 10, од Табановце до Гевгелија, потоа изградбата на болниците во Кичево, Тетово и во Штип, и третиот изградба на медицински факултет и студентски дом во Штип.

Николоски кажа дека по потпишувањето на договорот влада со влада и по ратификацијата што ќе следи во македонското Собрание, ќе почнат и официјални разговори во однос на начините на финансирање и начините на реализација на овие проекти и за многу брзо време ќе објават детали по однос на нив.

Тој го појасни процесот на ратификација во двете земји.

-Кај нас договорот ќе се ратификува во парламентот, додека во Велика Британија го усвојува Владата. Потоа договорот станува ефективен и веќе влегуваме во официјални разговори и преговори за реализација на проектите. Јас кажав дека мојата амбиција е дека во текот на летото ќе имаме договори, а доцна наесен и работа на терен, рече вицепремиерот Николоски.

Во текот на вчерашниот ден тој имаше и неколку политички средби на агендата, а оствари средба и со директорот на ирскиот нискобуџетен авиопревозник „Рајанер“ на која станало збор за можноста за нови летови во земјава.

Договорот што ќе биде потпишан денеска, порано неделава беше усвоен од македонската Влада, откако премиерот Христијан Мицкоски и неговиот британски колега Кир Стармер постигнаа согласност за стратешко партнерство на средбата одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана.

Договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји, кој се оценува како историски, е резултат на повеќемесечни интензивни преговори меѓу дипломатски и експертски тимови од двете страни и претставува потврда за конкретна и долгорочна определба за зајакнување на билатералните врски и економската соработка со Обединетото Кралство.