Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

Источна Македонија целосно обоена во опозициска боја

Вистински дебакл во третата и четврта изборна единица  доживеа СДСМ во првиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вистински дебакл во третата и четврта изборна единица  доживеа СДСМ во првиот круг од претседателските избори. Градовите кои важеа за нивни сигурни бастиони им паднаа во вода. Убедлива победа кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова има и во Струмица, град кој се до вчера беше еден од центрите на социјалдемократите. Во тројката разликата меѓу  Сиљановска Давкова и Пендаровски е околу 45.000 гласа.  Во Македонска Каменица, Максим Димитриевски освои повеќе гласови од Пендаровски, а во Виница и Кочани  Сиљановска Давкова води двојно. Пендаровски изгуби и во општините каде  СДСМ цели седум години ја имаа локалната власт.

Гордана Сиљановска-Давкова                       Стево Пендаровски

Берово                     3110                                                  1834

Реклама

Пробиштип              4105                                                  2336

Крива Паланка        5002                                                  4486

Иста е ситуацијата и во четвртата изборна единица. Во Струмица која важеше за сигурна гласачка машинерија во корист на СДСМ, во првиот круг на овие избори се покажа спротивното. И овде Сиљановска  Давкова убедливо води. Дури 47,06% од гласачите гласале за нејзе, а 35,90% за Пендаровски

Освен во Струмица, СДСМ помина лошо и во Дојран, Валандово, Богданци, Демир Капија, Росоман и Кривогаштани, градови каде локалната власт е  токму во нивните раце.

Гордана Сиљановска -Давкова                       Стево Пандаровски

Струмица         11808                                                           9008

Дојран                  910                                                             560

Валандово        2885                                                            1871

Богданци           1781                                                            1075

Александра Ристевска