Реклама
Прилози

Исто ама не е исто: Истргата за Кочани е неспоредлива – по обемна, во споредба со тие за модуларната, Ласкарци и „Беса транс“

Два случаи, две огромни трагедии, два обвинителски тима, две истраги – еден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Два случаи, две огромни трагедии, два обвинителски тима, две истраги – еден во Кочани, друг во Тетово. Делуваат исто, но се сосема различни по обемот и ефикасноста. За пожарот во дискотеката „Пулс“, само по 10-тина дена во притвор се 34 осомничени, собрани се илјадници документи, ќе се повикуваат 300 сведоци. Пред неполни 4 години, по пожарот во модуларната болница, со месеци се чекаше кој воопшто ќе седне на обвинителна клупа.

За Кочани истрагата се врати со години нананзад, кој во целиот перидо дозволил магацин за лесна индустрија, со лажен документ, со таканаречен проект, да  стигне да биде дискотека која ќе прима 650 гости. Во однос на Тетово, случајот за тендерската документација и набавката на модуларните болници, се уште е во предистражна фаза.

За случајот со дискотека веднаш знаеме дека причина е пиротехниката, за модуларната чекавме долг перидод за да се утврди дека причина за пожарот бил еден обичен продолжен кабел. Кочани и 34-те осомничени допрва ќе партуваат на суд, додека за Тетово има една пресуда само за 3-ца, која падна на Апелација.  

Реклама

Голема разлика има и во одност на власта кон случаите тогаш и сега.

  • „И сите знааат, државата не градеже со одобренија за градба, статики, локациски услови, како што се градат сите болници. Овде имаме времени модуларни контејнери, за нив имате примопредавање, немате употребна дозвола. Што треба сите да се посипаме со пепел, или со бензин? Сите има секаде согласно стандардите“ рече Зоран Заев – Поранешен претседател на Влада.
  • „Најпрво мора да има кривична одговорност з сите до еден инволвирани, без разлика од која институција, на кое ниво, од која партија, од која професија, и.т.н. до последниот. Очекувајте кога станува збор за одговорност, дека нема да има милост. Ќе мора да има одговорност со име и презиме“ изјави Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Не е само споредбата со тетово. Во очите на граѓаните, целосно фалични беа и истрагите за автобуските несреќи кај Ласкарци и таа во бугарија со автобусот на „Беса транс“, во кои загинаа 60-тина луѓе. Како и истрагат за Тетово, така и овие завршија површно. За главни виновници беа посочени шоферите.

За „Дурмо турс“ има пресуда, односно возачот доби 14 години затвор, а фирмата доби само парична казна. Роднините на загинатите, велат дека се жртви на неправедниот систем, се сомневаат дека пролонгирањето кое настана со супер вештачењето било со цел – заштита на обвинетите. Интересно е што најблака казна доби газдата на дурмо, фирмата која во контролиоте на испекции по кочќани, пак се најде меѓу компаниите кај кои имало неправилности.

Слично површна беше и истрагата за автубуската несреќа во Бугарија. Блиските на 45-те жртви уште ја чекаат правдата во Македонија и од бугарските судови.

Ниту таа истрага не ги одговори сите прашања во јавноста. Најскандалозно беше што опожарениот автобус немал извод од лиценца но сепак 135 пати ја поминал државната граница. Се префрлуваше вината од МВР во Царинската управа, па во државниот испекторат за транспорт. Казнети беа двајца цариници кои ги пропуштале автобусите на „Беса Транс“, но не се истражи кој потпишал фалсификувана лиценца зошто толку долго се замижувало додека автобусот проаѓал на граница без соодветна законска лиценца.

За разлика од сите овие случаи, за кочанската дикостека истрагата се врати 15 години наназад, од лажниот проект, до тоа кој потпишувал фалсификувани лиценци и давал дозволи без да се провери состојбата во објектот.